Мутко: Обидите да се префрлат проблемите врз Русија се тренд во светот

Обидот да ѝ се препишат на Русија проблемите во светската атлетика се случи затоа што тоа гарантирано ќе го одвлече вниманието, изјави министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко.

Обидите да се префрлат проблемите во светската атлетика врз Русија беа направени затоа што РФ е голема земја, плус сега тоа е тренд во светот, изјави за агенцијата „Р-Спорт“ министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко, пренесува РИА „Новости“.

Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (МААФ) во петокот го суспендираше членството на Руската атлетска федерација (ВФЛА).

„Последниве денови зборував дека се случи обид проблемите во светската атлетика малку да се префрлат врз Русија, затоа што Русија е голема земја и тоа, како прво, гарантирано ќе го одвлече вниманието, како второ, тоа сега е едноставно тренд во светот“, изјави Мутко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.