Лавров: Не можеме да бидеме толерантни спрема терористите

Во Виена се одржуваат мултилатерални преговори за Сирија на кои учествуваа шефовите на дипломатиите на Русија, САД и на држави од Европа и Блискиот Исток.

Во Виена почнаа мултилатералните преговори за Сирија, со учество на министрите за надворешни работи на Русија, САД, европските држави и Блискиот Исток, како и специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН Стефан де Мистури и претставници на ЕУ, Лигата на арапските држави и Организацијата за исламска соработка.

Пред почетокот на преговорите шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров имаше одвоен состанок со државниот секретар на САД Џон Кери, а потоа двајцата излегоа пред новинарите за да ја искажат својата солидарност со францускиот народ во врска со терористичките напади во Париз.  

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази солидарност со народот на Франција. Ние не ги забораваме терористичките напади во Ирак, Бејрут, кои последниве неколку денови однесоа многу животи. Не можеме да бидеме толерантни спрема терористите. Не може да има оправдување за терористички напади, тоа е и став на Советот за безбедност на ОН. Не може да има оправдување за „Исламската држава“, Џебхат ал Нусра и слични. Се надевам дека овој состанок ќе ни овозможи напредок“, изјави Лавров, а пренесува „Росијскаја газета“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња