Путин со реакција на терористичките напади во Париз

Претседателот на Русија Владимир Путин длабоко сочувствува во врска со серијата терористички напади во Париз, изјави Кремљ. Рускиот лидер изрази поддршка и солидарност на претседателот на Франција и целиот француски народ.

Претседателот на Русија Владимир Путин длабоко сочувствува во врска со серијата монструозни терористички напади во Париз и им изразува зборови на поддршка и солидарност на претседателот на Франција Франсоа Оланд и целиот француски народ, соопшти портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.   

„Русија решително ги осудува овие нечовечни убиства и подготвена е да пружи секаква помош во истрагата за овие терористички злосторства“, потенцираше Песков, пренесува „Взгљад“.

Серијата престрелки и грабнување заложници се случија во Париз доцна синоќа, во петок, 13 ноември. Според првичните информации, настрадаа најмалку 60 луѓе.

Претседателот на Франција воведе вонредна состојба и ги затвори границите.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња