Министерството за одбрана на Русија негира дека распоредило С-400 во Сирија

Медиумите би требало проверат што претставува рускиот ракетен систем С-400 пред да објавуваат слични соопштенија, изјавија од Министерството за одбрана на РФ.

Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков ги отфрли информациите дека во авиобазата Хмејмим во Сирија се наоѓа најновиот ракетен систем С-400, пренесува РИА „Новости“.

„Веќе трет ден работиме со вас во авиобазата Хмејмим. Ви беше дадена можност да видите сѐ со сопствени очи, вклучително и средствата за противвоздушна одбрана на базата. Никакви С-400 овде, се разбира, немало и нема“, изјави тој во текот на брифингот за странските новинари кои се наоѓаат во авиобазата.

Тој потенцираше дека веста што се појави во британскиот „Дејли Меил е дезинформација.

„Пред да ги плашиме Британците и светот со распоредувањето на нашиот нов ракетен систем С-400, би требало да се види што претставува тој, макар и од „Википедија“ или на сајтот на Министерството за одбрана на Русија“, рече генералот.

Тој истакна дека во тој случај уредниците би знаеле од колку елементи се состои тој систем и колкава површина би била потребна за негово распоредување.

„За разбирање на реалната ситуација и разобличување на таквите и слични гласови ве доведовме овде и имаме намера да каниме на прес-тури странски новинари и во иднина“, заклучи Конашенков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.