Наришкин: Војната на Украина со Русија би траела најмногу пет дена

Русија не е страна во конфликтот во Украина, во Донбас нема руски воени единици, како што со манијакална упорност продолжуваат да повторуваат киевските власти“, изјави спикерот на руската Дума Сергеј Наришкин.

Русија не е страна во конфликтот во Украина, во Донбас нема руски воени единици, како што со манијакална упорност продолжуваат да повторуваат киевските власти“, изјави спикерот на руската Дума Сергеј Наришкин.

„Ситуацијата во Украина, се рабира, е далеку од стабилна. Сакам уште еднаш да истакнам дека Русија не е страна во конфликтот во Украина, во Донбас. На територијата на Донбас нема руски воени единици, независно од тоа колку многу пати и со манијакална упорност продолжуваат да се жалат киевските раководители“, изјави Наришкин на средбата со француските пратеници во Думата.

„Тие продолжуваат да шират лаги за тоа дека Украина е во војна со Русија. Тоа, се разбира, е лага и голема глупост. Мислам дека секој човек со здрав разум може да сфати дека, ако некоја замислена држава со 40 милиони жители, со пропадната економија, растурена војска и корумпирано раководство, која се наоѓа во состојба на најдлабока социјално-политичка криза, преземе борбени дејствија против Русија, тоа може да трае три, четири, најмногу пет дена. А Киев води војна против своето население веќе година и половина“, изјави Сергеј Наришкин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.