Порошенко: Жителите на Донбас слободно ќе зборуваат на украински и на руски

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека Донбас е и ќе биде украински регион, а жителите на регионот слободно ќе зборуваат на украински и на руски јазик.

„Донбас е и ќе биде украински, тој слободно ќе зборува на украински и на руски јазик“, изјави претседателот на Украина, настапувајќи во средата во Северодонецк во Луганската област. Тој истакна дека Киев не е приврзаник на војната, ами се стреми кон мир, пренесува РИА „Новости“.

Во ноември 2014 година Порошенко на церемонијата на врачување на наградатаа „Тарас Шевченко“ изјави дека само украинскиот јазик ќе има статус на државен јазик во земјата. Исто така, тој изјави дека задолжителен јазик во Украина треба да биде англискиот, а „никако рускиот“.

Притоа, мислењето дека положбата на рускојазичното население во 2014 година се променила на полошо во споредба со претходната година го поддржуваат 89% од  граѓаните на Украина. А во извештајот на Киевскиот меѓународен институт за социологија „Социјално-политичката ситуација во Украина: јули 2015“ се вели дека заради воспоставување на мир во земјата жителите на Украина се согласни да му дадат на рускиот јазик статус на втор државен јазик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.