Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дискутирал по телефон
со државниот секретар на САД Џон Кери за низа меѓународни прашања, а особено, за ситуацијата во Сирија и текот на исполнувањето на Минската спогодба.
„Беа дискутирани некои меѓународни прашања, вклучувајќи ја ситуацијата со Сирија и текот на реализацијата на Минската спогодба за решавање на кризата во Украина. Од руска страна беше потенцирана важноста на активната соработка за процесот на исполнување на „Пакетот мерки“ од 12 февруари оваа година, со цел да не се дозволи избегнување на преземените обврски во рамките тоа, пред сѐ, на она што се однесува на неопходноста од директен дијалог на Киев со Донецк и Луганск“, истакнува министерството.
Беше потенцирано дека разговорот се одржал по американска иницијатива.
Исто така, Лавров имал разговор и со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер, во текот на кој била потенцирана неопходноста од најбрзо повлекување на украинските војници од селото Широкино.
Со министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин било дискутирано за текот на реализацијата на Минската спогодба.
Лавров исто така ја потенцирал потребата од решавање на прашањата поврзани со реализацијата на уставните реформи во Украина, обезбедувањето на посебен статус на Донбас и одржувањето таму на локални избори „во строга согласност со Минската спогодба – преку директен дијалог меѓу Киев и Донецк и Луганск“.
Детално се дискутирало и за прашањата за пружање хуманитарна помош на населението на истокот на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче