Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума Алексеј Пушков смета дека украинскиот судир во скора иднина нема да биде решен.
„Украинската трагедија е далеку од крајот. Како што Ирак и Сирија се претворени во зона на хаос на Средниот Исток, така и Украина ќе биде во Источна Европа“, напиша Пушков на својот Твитер-профил. Рускиот пратеник истакна дека конфликтите, слични на оној што неодамна се случи меѓу властите во Киев и „Десен сектор“ на западот на оваа земја, прават Европа „сѐ повеќе да се плаши од Украина“.
Граѓанската војна во Украина трае веќе две години, а сега се проширува и на западот на земјата, каде избувна вооружен судир меѓу полицијата и припадниците на екстремната група „Десен сектор“ во градот Мукачево во Закарпатската област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.