Русија не ја поддржува идејата да се основа трибунал за кривично гонење на одговорните за падот на малезискиот „Боинг“ кај Донецк, затоа што истрагата за несреќата не е завршена, изјави заменик-министерот за надворени работи на Русија Генадиј Гатилов.
„Ние, во принцип, воопшто не сме задоволни од оваа идеја поради неколку причини. Истрагата е сѐ уште во тек и никакви заклучоци не се изведени. Холандија само претстави привремена верзија на извештајот. Тие и самите велат дека истрагата и конечниот извештај можат да ги завршат дури кон крајот на годината“, изјави Гатилов.
Тој истакна и дека „порано во сите вакви ситуации не се основаше никаков трибунал“.
МНР Русија веќе го изрази своето негодување по повод оваа идеја, истакнувајќи дека е контрапродуктивна. Од друга страна, Малезија ја поддржа идејата за основање на трибунал по повод падот на авионот во Донбас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.