„На 25 јуни ОАО „РЖД“ во својство на нарачател и Министерството за одбрана во својство на изведувач потпишаа договор за извршување одделни видови работи поврзани со изградба на електрифицирана железничка пруга со два колосека на делницата Журавка-Милерово што ќе ја заобиколува територијата на Украина“, изјави извор во „Руски железници“.
Според неговите зборови, договорот бил потпишан од директорот за комплексна реконструкција на пруги и изградба на објекти за железнички транспорт Александар Бутко, од страна на Министерството за одбрана – началникот на Главната управа на железничките сили на војската генерал-полковник Олег Косенков.
Русија планира да изгради железничка пруга со која се заобиколува територијата на Украина без оглед на понатамошниот развој на односите меѓу двете земји. Работите би требало да бидат завршени до крајот на 2017 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче