Меккејн: Русија е силна земја која посегнува по светскиот поредок

Американскиот сенатор Џон Меккејн во својата статија во „Вашингтон Пост“ ја нарече Минската спогодба фикција и го повика Западот „да стори повеќе“ за да одговори на „руската агресија“.

Колективната слабост на САД и Европа провоцира агресија од страна на Русија, напиша американскиот сенатор Џон Меккејн во статија за „Вашингтон Пост.

Сенаторот ги повика САД и Европа да го „признаат неуспехот на Минската спогодба“ и да сторат повеќе за да одговорат на „агресијата на реваншистика Русија“.

Според негови зборови, тој минатата недела се сретнал со доброволци од украинските баталјони во источна Украина и се уверил дека токму проруските доброволци постојано го кршат примирјето.

Украинците едноставно се надеваат дека САД повторно ќе го отворат „арсеналот на демократијата“ кој „толку многу пати им помогнал на слободните луѓе да се заштитат“, пишува сенаторот.

Меккејн смета дека Обама „не бил во право“ кога своето одбивање да го вооружи Кеив го образложил со изјавата дека тоа „уште повеќе ќе го испровоцира Путин“. Сенаторот, напротив, смета дека рускиот претседател го провоцира токму „слабоста на заедничкото реагирање“ на САД и Европа.

Меккејн смета дека не постои воено решение за конфликтот во Украина, но дека постои воен начин за постигнување политичко решение. Тој ја нарече Русија „силна, моќна земја на воен план“ која непријателски се однесува спрема интересите на САД и спрема светскиот поредок кој „американските лидери се обидоа да го сочуваат по Втората светска војна“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња