Пушков го нарече гласањето во ПССЕ бедно сквернавење на Русија

На гласањето во текот на кое Русија е прогласена за држава-агресор во салата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) не беше присутна ниту една седмина од пратениците, истакна претседателот на Комитет на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков.

„ПССЕ соопшти дека Русија е „држава-агресор“ по гласањето на 48 пратеници од вкупно 55. Меѓутоа, во салата не беше присутна ни една седмина од членовите на ПССЕ. Бедно сквернавење“, напиша Пушков на својот Твитер-профил, а пренесува „Взгљад“.

„САД го обвинија Јанукович за кршење на човековите права во Украина! Смешно. Тој е веќе година дена во оставка. Повеќе не ни знаат како да го заштитат Порошенко. Пратениците на ПССЕ нестрпливо прават извештаи за Русија и Крим, а за масакрот во Одеса или гранатирањето на мирните градови во Донбас поради некоја причина не сакаат“, истакнува Пушков.  

Според него, комуникацијата со сегашното раководство на Парламентарното собрание на Советот на Европа е бескорисна.

Претходно претседателката на Советот на Федерацијата на РФ Валентина Матвиенко изјави дека на Русија не ѝ треба „милостина од ПССЕ”, како и дека РФ е заинтересирана за продолжување на соработката со организацијата под рамноправни услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.