„Би-Би-Си“ ја цензурираше изјавата на Јанукович за Крим

Од англиската верзија на интервјуто на поранешниот претседател на Украина беа отстранети неговите зборови дека за присоединувањето на Крим кон Русија гласале 90% од Кримјаните.

Британската телевизија „Би-Би-Си  ги исфрли од англиската верзија на интервјуто на Виктор Јанукович неговите зборови дека излегувањето од состав на Украина на референдумот во март 2014 година го поддржале 90% Кримјани.

Истовремено во руската верзија на текстот информацијата за бројот на гласачи постои.

Според интервјуто на Јанукович на англиски јазик, тој го нарече излегувањето на Крим од составот на Украина „трагедија“ која немаше да се случи доколку тој беше на власт.

„Тоа што се случи е многу лошо. Сега ни треба излез од оваа ситуација... Сега се води војна. Тие велат дека сакаат да го вратат Крим. Како? Со војна? Дали ни треба уште една војна?“ се вели во англиската верзија на интервјуто.

Истовремено во руската верзија е наведено целото размислување на Јанукович за настаните во Украина минатата година.

„И луѓето, што е најважно, кримскиот народ, 90% населението на Крим гласаше за излегување од Украина. Сметам дека тоа е многу лошо. Но, тоа е последица на она што го направи Мајданот. Тоа е последица на она радикално националистичко движење кое го исплаши населението на Крим, кое пак традиционално беше проруско“.

Од „Би-Би-Си“ објаснија дека зборовите за референдумот за Крим не влегле во англиската верзија на интервјуто поради тоа што разговорот не бил објавен интегрално. Како што изјави за РИА „Новости“ претставник на компанијата, во етерот влегле само „најважните изјави“ на политичарот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња