Администрацијата на Кремљ ги разгледува предлозите на владата за воведување на ембарго на увоз на производи од ЕУ и се очекува одлуката да биде донесена „без одлагање“, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Администрацијата на претседателот ги разгледува предлозите. Очекуваме дека разгледувањето да биде завршено без одлагање и дека ќе бидат изработени соодветни документи“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости”.
На прашањето дали се работи за часови или денови, тој одговори: „Без одлагање“.
„Одлуката ќе биде формулирана, тука мора да се почитуваат одредени, да речеме, бирократски процедури за начинот на документирање на овие одлуки“, додаде портпаролот на претседателот на Русија.
„Повеќепати на различни нивоа се зборуваше за тоа дека во овој случај апсолутна константа е принципот на реципроцитет во дијалогот на санкции“, изјави Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче