Песков: Русија ќе одговори со реципроцитет на продолжувањето на санкциите

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков го коментираше продолжувањето антируските на санкции, пренесе ТАСС.

Русија ќе одговори на продолжувањето на санкциите на Европската унија поаѓајќи од принципот на реципроцитет, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Ние многупати имаме кажано: принципот на реципроцитет како одговор на санкциите е основата на нашиот пристап“, потенцираше претставникот на Кремљ. „Русија не беше иницијатор, но во дадениов случај, бидејќи (режимот на санкции) продолжува, ние ќе дејствуваме поаѓајќи од принципот на реципроцитет“, изјави тој.

„Русија ги смета овие санкции за неосновани, незаконски. Но ние никогаш не бевме и нема да бидеме иницијатори на санкциски мерки“, потсети портпаролот, истакнувајќи дека оваа практика „им штети на интересите не само на учесниците во економската дејност во нашата земја, но исто така и на самите земји, односно на интересите на даночните обврзници на европските држави“.

Притоа Песков не успеа да одговори на прашањето дали е случајно совпаѓањето на датумот на одлуката за продолжување на санкциите – 22 јуни – со годишнината на нападот на Германија врз СССР. Ова прашање тој предложи да биде адресирано до чиновниците на Европската унија.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња