Јанукович: Путин „ми го спаси животот“

Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович првпат по државниот преврат во Украина даде интервју за западен медиум.

Виктор Јанукович во интервју за „Би-Би-Си“ раскажа за настаните на киевскиот Мајдан, Донбас, како и за „ноќта кога Путин му го спасил животот“, соопшти на својот Твитер-профил новинарот Габриел Гејтхаус.

Ова е првото интервју кое соборениот претседател на Украина го даде за западен медиум по државниот преврат и во кое првпат раскажа зошто претходно молчел, потенцира Гејтхаус.

Виктор Јанукович изјави дека во никој случај не ја отфрла својата одговорност за настаните на Мајдан: „Се разбира, меѓу другото, и јас сум виновен. Веројатно нешто не сум завршил. Јас не располагам со факти дека некој давал наредба да се стрела по демонстрантите, тоа не се моите овластувања. Јас бев категорички против тоа. Секогаш јавно кажував дека сум против примена на сила,  а уште повеќе, против пукање. Сметав дека ниедна власт не вреди ниту капка човечка крв. Затоа бев против пролевање на крв во Украина. И сторив сѐ за да нема војна во Украина“.

Јанукович исто така изјави дека му е благодарен на рускиот претседател Владимир Путин. „Тоа што Владимир Путин донесе одлука по извештајот на своите тајни служби, тоа беше негово право и негова работа. Тој со мене не се консултираше. Јас, се разбира, му благодарам за тоа што тој даде таква наредба и што нам, на моето обезбедување, му помогнаа да ја извршат таа задача, да ме изнесат и да ми го спасат животот“.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.