Кои спортови ги претпочитале руските писатели

Американскиот писател роден во Русија Владимир Набоков (1899 - 1977) со мрежа за пеперутки некаде во планините на Швајцарија. Фотографирано околу 1975 година.

Американскиот писател роден во Русија Владимир Набоков (1899 - 1977) со мрежа за пеперутки некаде во планините на Швајцарија. Фотографирано околу 1975 година.

Getty Images
Антон Чехов велел дека „кај човекот сè треба да е прекрасно: и лицето, и облеката, и душата, и мислите“. Иако себеси во целост се давале на уметноста, руските класици сепак наоѓале време за спорт – од бокс и лизгање до борба со појаси.

1. Александар Пушкин

Пјотр Кончаловски. „Александар Пушкин“. Детал / РИА „Новости“Пјотр Кончаловски. „Александар Пушкин“. Детал / РИА „Новости“

Малиот Саша уште од детството ја сакал гимнастиката, игрите и борбата. Во една од раните стихотворби „Сом“ тој ги исмејувал нежните петербуршки господа и ги повикал да полнат да се занимаваат со фискултура. На село поетот се бањал во ладна вода до доцна есен, а јавањето било уште една од неговите страсти. Пушкин имал репутација на добар танчар и јавал; доколку било потребно можел да јава и без седло.

Поетот се занимавал и со бокс: кнезот Пјотр Вјаземски во своите спомени пишува дека „во 1827 година Пушкин ме учеше да боксувам, и многу ги засакав овие вежби“.

2. Михаил Лермонтов

Михаил Лермонтов (1814-1941). Автопортрет, акварел, 1847. Извор: Државен книжевен музеј, Москва / РИА „Новости“Михаил Лермонтов (1814-1941). Автопортрет, акварел, 1847. Извор: Државен книжевен музеј, Москва / РИА „Новости“

Овој поет сакал да организира на својот имот во селото Тархани борби со тупаници кај селските деца, а победниците штедро ги наградувал со медени колачиња. Во поемата „Песна за трговецот Калашников“ Лермонтов детално ги опишува борбите со тупаници на мразот на реката Москва во 16 век. Исто така тој самиот на руски го превел упатството донесено од Англија со наслов „Боксинијана, или Вежби за борба со тупаници порани и сега“. Лермонтов сакал и да се лизга: кога бил млад тој брзо научил да црта „мостри со нозете по мраз“.

Како и Пушкин и тој бил одличен јавач. Умешноста во јавањето му го спасила животот кога вооружени горјани го бркале за време на службата на Кавказ. Тој одлично и мечувал и со Пушкин имале заеднички учител по мечување.

3. Лав Толстој

Лав Толстој на коњ во Јасна Полјана. Извор: РИА „Новости“Лав Толстој на коњ во Јасна Полјана. Извор: РИА „Новости“

Од детство па до старост овој голем писател правел гимнастика, кревал тегови, вежбал на вратило и одел пеш многу часови. Толстој обожавал да се лизга на лизгалки и да прави трикови кои потоа му ги препишал на Константин Љовин во романот „Ана Каренина“. Назима на неговиот имот во Јаснаја Полјана се правело лизгалиште.

Како повозрасен писателот сакал да вози велосипед. Тој дури бил избран и за почесен претседател на рускиот сојуз на велосипедисти. Научно-популарното списание „Scientific American“ во 1896 година пишувало: Грофот Толстој... сега вози велосипед, и со тоа ги зачудува селаните во своето место.

4. Антон Чехов

 Антон Чехов на Јалта, Крим, Руско Царство. Извор / ТАСС Антон Чехов на Јалта, Крим, Руско Царство. Извор / ТАСС

Со оглед на тоа дека бил лекар по образование, Чехов многу пати ја потенцирал работа на себе. Летото 1886 година тој му пишувал на архитектот Фјодор Шехтељ: „Мој добар и тешко подвижен Франц Осипович! Вашето писмо го добив. Мојот одговор е едноставен: Вие самиот себеси сте си непријател... Како прво не треба толку лекомислено да се однесувате кон гимнастиката, а како второ срамно е да се седи во задушливата Москва кога имате можност да дојдете во Бабкино... Има каде да се занимавате со гимнастика. Капењето е прекрасно“. Чехов бил и еден од основачите на Московското гимнастичко друштво.

5. Алексеј Толстој

Алексеј Толстој во својата работна соба, Московски регион, 1941 година. Извор: ТАССАлексеј Толстој во својата работна соба, Московски регион, 1941 година. Извор: ТАСС

Грофот Алексеј Толстој по природа бил силен човек. На својот имот тој организирал прослави на кои со селаните се занимавал со старата руска забава – борба со појаси. Според правилата, спортистите требале да се држат за појаси и да се обидат да го соборат противникот. Писателот се здобил со слава на руски Херкулес. Тој виткал сребрени лажици, со прст ковал клинци во ѕид и исправувал потковици.

6. Максим Горки

Максим Горки во Италија, 1912. Извор: ТАССМаксим Горки во Италија, 1912. Извор: ТАСС

Советскиот писател бил навикнат на физичка работа уште од дете. Од 16 години тој работел во пекарницата и носел вреќи со брашно тешки пет фунти (повеќе од 80 килограми). Подоцна Горки се занимавал во рибна и солна индустрија каде исто така била потребна сила. Веќе како познат писател тој ја немал изгубено добрата форма. Неговите современици раскажуваат дека Горки можел да направи циркуски трик: десет пати без да брза да се прекрсти со ѓуле од една фунта. Освен тоа писателот скијал, сакал веслање и лизгање.

7. Владимир Мајаковски

Рускиот поет Владимир Мајаковски (лево) во сцена од Дамата и хулиганот. Москва, РСФСР. Извор: ТАССРускиот поет Владимир Мајаковски (лево) во сцена од Дамата и хулиганот. Москва, РСФСР. Извор: ТАСС

Најголемиот советски поет се занимавал со бокс и повеќе пати го пропагирал во своите стихови.

Според сведоштвата на тренерот, Мајаковски не се штедел на тренинзите: еднаш тој толку добро направил напад, што се скинала боксерската вреќа.

8. Владимир Набоков

Американскиот писател роден во Русија Владимир Набоков (1899 - 1977) со мрежа за пеперутки некаде во планините на Швајцарија. Фотографирано околу 1975 година. Извор: Getty ImagesАмериканскиот писател роден во Русија Владимир Набоков (1899 - 1977) со мрежа за пеперутки некаде во планините на Швајцарија. Фотографирано околу 1975 година. Извор: Getty Images

Авторот на „Лолита“ не бил познат само како собирач на пеперуги, ами и како пасиониран боксер. Со овој спорт се занимавал активно уште во војска. Според сеќавањата на неговиот брат, еднаш во Берлин со удар спречил хулиган што ги задевал.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња