4 легендарни спортисти на Царска Русија

Тенисот бил една од омилените разоноди на руската аристократија на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Тенисот бил една од омилените разоноди на руската аристократија на крајот на XIX и почетокот на XX век.

Александар Гринберг, МАММ/МДФ
Овие луѓе биле втемелувачи на спортот во Русија многу пред тој да стане дел од државната идеологија.

Во Советскиот Сојуз спортот беше еден од темелите на државната идеологија. Постигнувањата на спортистите придонесуваа за имиџот на големата светска сила. Нивна задача беше да ја нагласат надмоќта на комунистичкото уредување над сите останати. Сепак, врвниот спорт во Русија настанал многу пред револуцијата. Спортистите од Царска Русија учествувале на Олимписките игри во 1900, 1908 и во 1912 година. Еден од нив дури е и олимписки шампион.

1. Пјотр Заковорот – мечување

Пјотр Заковорот / Архивска фотографија

Вторите по ред современи Олимписки игри од 1900 година во Париз денес би се сметале како целосен неуспех. Биле организирани во исто време со Светската изложба, така што останале во сенка на грандиозните смотри на научно-техничките достигнувања од целиот свет.

Незаинтересираноста од страна на гледачите е разбирлива, со оглед дека во тоа време спортот сè уште не можел да се третира како професија, а да не зборуваме за рекламна или за комерцијална поддршка. Тогаш не е ни чудо што сите пет учесници од Царска Русија на тие олимписки игри биле офицери на регуларната руска армија, а спортската специјалност била поврзана за нивната главна професија. Имено, тројца учествувале во натпреварите по мечување а двајца во трките со количка.

На статусот професионалец најмногу се доближил мечувалецот со сабја Пјотр Заковорот кој во Париз го освои седмото место. Подоцна тој предавал мечување во неколку воени училишта во Петербург, а по револуцијата тајните на оваа борбена вештина им ги пренесувал на припадниците на Црвената армија. Учениците на Заковорот биле и вистински спортисти, меѓу нив бил и Иван Манаено најдобриот мечувалец во четириесеттите и во педесеттите години од минатиот век. Патем, Заковорот својата последна победа ја однел на 64 годишна возраст. Тоа било првенството на Советска Украина во 1935 година.

 Пјотр Заковорот / Архивска фотографија Пјотр Заковорот / Архивска фотографија

2. Иван Поддубни– борење

Ниту познатиот борач Иван Поддубни не бил професионален спортист. Пред да се прослави тој работел како надничар, како работник за истовар на пристаниште и како циркусант. Во циркуската арена покажувал што знае да прави со тегови. Во циркусот тој најпрво почнал да се занимава со традиционално руско борење, а подоцна и со грчко-римски стил.

Поддубни почнал да се натпреварува дури во својата 32 година. Тоа било во 1903 година на светското првенство во класично борење. Неговата прва професионална борба завршила со пораз. Ривалот на рускиот џин, Французинот Раул ле Буше, победил благодарение на итрината – се намачкал со маслиново масло и успеал да ја „развлече“ борбата, така што на крајот судиите нему му ја доделиле победата „поради убаво и вешто избегнување силни напади“. Една година подоцна Поддубни му се реванширал на Буше, а потоа од 1905 до 208 година успешно ја бранел титулата на светски шампион во борење.

Поддубни во својот најплоден период бил главна ѕвезда на боречките натпревари. Тој бил своевиден спортски шоумен, прототип на современите боксери и мајстори во мешовитите боречки вештини. По болшевистичката револуција од 1917 година се вратил на циркусот. Неговите настапи во текот на дваесеттите години од минатиот век во Германија и во САД предизвикувале вистински овации. И покрај големиот број победи и државни награди, Поддубни ја дочекал староста во сиромаштија. Починал во 1949 година во својот роден град Ејск (1.255 километри јужно од Москва) на 79-годишна возраст.

 Иван Поддубни / Архивска фотографија Иван Поддубни / Архивска фотографија

3. Николај Панин-Коломенкин – уметничко лизгање

Првиот руски олимписки шампион, уметничкиот лизгач Николај Коломенкин во својата татковина немал добиено никаква награда. Згора на тоа, поради учество а Олимпијадата во Лондон 1908 година за малку ќе завршиле во прогонство во Сибир.

Тој во Англија отпатувал нелегално под псевдонимот Панин. Овој трик го има употребувано и претходно, а пет пати едно по друго ја освојувал титулата најдобар уметнички лизгач во земјата.

Но, по Олимпијадата била откриена измамата на талентираниот лизгач од кого се плашела конкуренцијата во дисциплината специјални фигури, меѓу кои бил и прочуениот Швеѓанец Улрих Салхов (седумкратен светски првак кој се повлекол од натпреварувањето кога ги видел шемите на фигурите што имал намера да ги изведе Панин). Излегло дека под тоа име се натпреварува финансискиот инспектор на Царскоселскиот реон крај Петербург Николај Коломенкин.

Според кодексот од тоа време, државните функционери немале право да учествуваат на спортски натпревари. Панин морал да стави крај на натпреварувањата, но неговата страст не спласнала. Тој во 1910 година издал учебник за уметничко лизгање, а во 1914 година станал арбитер на светското првенство во Стокхолм.

Во советскиот период работел како тренер, и тоа не само за уметничко лизгање, ами и за стрелање. Стрелањето му било добредојдено подоцна, во времето на Втората светска војна, кога работел како инструктор на борците од партизанските одреди.

 Николај Панин-Коломенкин / Архивска фотографија Николај Панин-Коломенкин / Архивска фотографија

4. Михаил Сумароков-Елстон – тенис

Тенисот бил една од најомилените разоноди на руската аристократија кон крајот на 19 и на почетокот на 20 век. Најдобар руски тенисер од тоа време бил грофот Михаил Сумароков-Елстон.

Тој како 16-годишно момче го освоил првото место во првенството на Русија во тенис во 1910 година. Својата титула не ја дал никому сè дури не заминал на фронт во 1914 година, иако во првенството на Русија учествувале и признати странски мајстори. Така, на пример, Сумароков-Елстон  во полуфиналето во 1913 година го победил Французинот Морис Жермо, кој на Олимпијадата во 1906 година го освоил сребрениот медал, а во финалето го победил Англичанецот Чарлс Диксон, освојувач на сребрениот медал на Олимпијадата во 1912 година

Истата 1913 година на младиот гроф му претстоел уште потежок меч. Имено, со талентираниот тенисер посакал да игра императорот Николај Втори, кој бил голем обожавател на тенисот. „Сумароков е левучар. Има Победи во сите сетови. По чајот царот замоли за реванш. Сумароков така го погоди царот во нога, што императорот падна и три дена не стануваше од постела. Кутриот шампион беше очаен, иако, секако, не беше воопшто виновен“, вака началникот на дворската канцеларија Александар Мосолов ги опишува деталите на оваа средба во Ливадискиот дворец на Крим. Николај Втори во својот дневник бил многу покус: „Добро игравме тенис со Сумароков“.

Михаил Сумароков-Елстон\nАрхивска фотографија<p>Михаил Сумароков-Елстон</p>\n
Михаил Сумароков-Елстон\nАрхивска фотографија<p>Михаил Сумароков-Елстон</p>\n
 
1/2
 

Тој како 16-годишно момче го освоил првото место во првенството на Русија во тенис во 1910 година. Својата титула не ја дал никому сè дури не заминал на фронт во 1914 година, иако во првенството на Русија учествувале и признати странски мајстори. Така, на пример, Сумароков-Елстон  во полуфиналето во 1913 година го победил Французинот Морис Жермо, кој на Олимпијадата во 1906 година го освоил сребрениот медал, а во финалето го победил Англичанецот Чарлс Диксон, освојувач на сребрениот медал на Олимпијадата во 1912 година.

Николај II со Великата кнегиња Татјана Николаевна и свитата по партија тенис / МАММ / МДФНиколај II со Великата кнегиња Татјана Николаевна и свитата по партија тенис / МАММ / МДФ

Истата 1913 година на младиот гроф му претстоел уште потежок меч. Имено, со талентираниот тенисер посакал да игра императорот Николај Втори, кој бил голем обожавател на тенисот. „Сумароков е левучар. Има Победи во сите сетови. По чајот царот замоли за реванш. Сумароков така го погоди царот во нога, што императорот падна и три дена не стануваше од постела. Кутриот шампион беше очаен, иако, секако, не беше воопшто виновен“, вака началникот на дворската канцеларија Александар Мосолов ги опишува деталите на оваа средба во Ливадискиот дворец на Крим. Николај Втори во својот дневник бил многу покус: „Добро игравме тенис со Сумароков“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња