УСАДA: Сестрите Вилијамс се допингуваат во рамките на правилата

Светската антидопинг агенција (WADA) им дозволила на американските спортистки – тенисерките Вилијамс, гимнастичарката Симон Бајлс и кошаркарката Хелен Дел Дон да земаат забранети препарати во терапевтски цели, изјави шефот на Американската антидопинг агенција (USADA) Тревис Тајгарт.

„За олимпиското движење е незамисливо хакери да можат нелегално да преземааат доверливи медицински информации со цел клевета против спортисти, да работат на начин да изгледа дека тие (спортистите) направиле нешто што не смееле. Спортистите тоа не го правеле. Тоа е факт“, ги цитира зборовите на Тајгарт РИА „Новости“.

Тајгарт смета дека спортистките „сѐ правеа правилно“, а дозволите ги добиле од МОК и УСАДА.

Хакерскиот напад врз системот на ВАДА Тајгарт го нарече „кукавичко кибер-хулиганство против невините спортисти“ и ја повика меѓународната јавност да се обедини против кибер-нападите врз „чистиот спорт и правата на спортистите“.

Претходно хакерската група „Фенси Беар“ објави дека тенисерките Серена и Венус Вилијамс, гимнастичарката Симона Бајлз и кошарката Елена Деле Дон земале забранети препарати во терапевтски цели со дозвола од ВАДА.  

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова се јави со свој коментар на „Фејсбук“. „Би сакале да ја дознаеме дијагнозата. Можеби ќе излезе дека Тарпишев бадијала се извинуваше?“ (Претседателот на Руската тениска федерација Шамиљ Тарпишев им се извини на американските тенисерки за својата шега кога ги нарече сестрите Вилијамс браќа). 

Кремљ исто така соопшти дека раководството на РФ нема никаква врска со хакерскиот напад врз системот на ВАДА, откако претходно Русија беше обвинета за врски со хакерската група. 

Сите фигуранти во овој нов допинг скандал веќе потврдија дека украдените податоци се вистинити. Еленa Деле Дон им се заблагодари на хакерите што го известија целиот свет дека „легално зема забранети препарати“. Симон Бејлс се оправда со дефицит на внимание и рече дека ги користи наведените забранети лекови уште од детство. А Венус Вилијамс изјави дека е разочарана од фактот што нејзините лични медицински податоци се украдени и објавени без нејзина дозвола.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња