Претходно градската управа неколкупати соопштуваше за своите планови за изградба на патека за „Формула 1“. Moscow City Racing 2012. Извор: AP.
Во Москва не се откажуваат од своите планови да бидат домаќини на една од етапите на „Формула 1“ и до 2016 година во близина на руската престолнина би требало да биде сосема подготвена тркачката патека која ги задоволува сите барања на ова првенство – ги пренесува РИА Новости ставовите на Владимир Жидкин, в.д. директор на одделението за развој на нови подрачја на градот Москва.
Конечно е пронајден соодветен простор за нова патека југозападно од престолнината во таканаречената Нова Москва (покрај аеродромот Внуково), каде на површина од 80 хектари би требало да биде изграден „Аерополис“ во чии рамки покрај тркачката патека се предвидени и трговски и деловен центар и изложбен комплекс. „На оваа патека ќе може да се организираат трки од ‘Формула 1’, а потоа љубителите на автомобилизмот ќе можат да ја користат и за други натпревари“, предвидува Жидкин, не откривајќи засега други детали во врска со овој проект.
Градската управа претходно повеќепати говореше за плановите за изградба на траса за „Формула 1“. Во 2000 година беше најавуван проектот за автодром во Москва во рамките на паркот „Нагатинскаја појма“, потоа постоеше предлог трасата да се изгради на северот од градот кај аеродромот Шереметево, но на крајот ништо од ветеното не беше остварено.
Во 2014 година Русија треба да биде домаќин на една од етапите на Светскиот шампионат ФИА „Формула 1“ под називот „Гран при на Русија“ што беше обелоденото со договор со сопственикот на групата „Formula One“ Берни Еклстон во 2010 година. Нова тркачка патека се гради во Сочи околу „Олимпискиот парк“. Вкупната површина на полигонот изнесува 36 хектари, а површината на објектот изнесува 104.500 метри квадратни. Трасата се состои од два круга: голем (со должина од 5.854 метри) и мал (со должина од 2.312 метри). Главната трибина ќе може да прими 13.631 гледачи, a привремената 29.160 гледачи.
За изградбата одговорни се три организации кои во целост ѝ припаѓаат на управата на Краснодарскиот крај: компаниите Центар „Омега“ и „Формула Сочи“, и Руската автомобилска федерација (РАФ). Вицегубернаторот на Краснодарскиот крај Николај Бутурлакин наведува вкупна вредност а сите градежни работи во износ од 7.9 милијарди рубли (183.5 милиони евра). Проектот се финансира од федералниот и од регионалниот буџет, а досега се изградени повеќе од 50% од патеката.
Raceway е моментално единствената патека во Русија која има добиено хомологација од Меѓународната автомобилска федерација (FIA) „1Т“ врз основа на која може да организира кружни автотрки за светски првенства, меѓу кои и за „Формула 1“
Постои уште една патека која претендира на организирање на „Формула 1“, таа е веќе во употреба и се наоѓа во близината на Москва. Станува збор за „Moscow Raceway“ во близина на Волоколамск. Минатата година беше објавено дека овој автодром има потпишано тригодишен договор со организацијата DTM („Deutsche Tourenwagen Masters“), најпопуларното првенство на кружни автотрки во Европа. На истата патека беше одржана и првата во историјата руска етапа на автотрката од светската серија „Формула Рено 3.5“ (WSR – „World Series by Renault“). Освен тоа, „Moscow Raceway“ има направено договор со еден од најпрестижните мотошампионати „World Superbike“.
Во моментов „Moscow Raceway“ е единствената патека во Русија која има добиено хомологација од Меѓународната автомобилска федерација (FIA) „1Т“ (врз основа на која може да организира автотрки од светските првенства, меѓу кои и „Формула 1“, по изградбата на трибината и медиа-центарот), како и хомологација од Меѓународната мотоциклистичка федерација (FIM) „В“ (што ѝ овозможува организирање на сите шампионати, освен на „MotoGP“). Овој автодром е во сопственост на градежната компанија „Стратегија“, во која еден од акционерите е Рустем Терегулов, косопственик на банката „Развитие-Столица“. Во проектот вкупно се вложени 5 милијарди рубли (околу 116 милиони евра).
Руски текст на сајтот на „Ведомости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче