Нов материјал штити од штетното влијание на електронските уреди

Finger touching the touch screen of an Apple iPad

Finger touching the touch screen of an Apple iPad

Јохен Так/Global Look Press
Поранешни војници од руските ракетни сили развија биополарна материја за заштита на луѓето од електромагнетно зрачење на електронските уреди. Претходно технологијата се користела за прикривање на воена техника од радарски летала. А, според зборовите на лекарите, кои спроведоа испитување на овој материјал, таа ги враќа заштитните функции на организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Биополарната материја Screentex развиена од руски научници, поранешни воени лица, е наменета да ги штити луѓето од штетното влијание на електронските уреди. Таа работи како екран и како уништувач на емитувањето во широк фреквентен опсег. Оваа материја веќе се извезува во САД, Грција и Источна Европа.

Според зборовите на пронаоѓачите материјалот може да најде примена во радиоелектронската индустрија, градежништвото, медицината и во други области. Материјата е создаден врз основа на екранизирачки полимерни облоги, способни да ја сокриваат воената техника од радарските лансери.

„Ние работиме над електромагнетното зрачење уште од седумдесеттите години од минатиот век, - раскажува докторот на техничките науки и творец на Screentex Александар Титомир. - При разработката на вселенскиот брод „Сојуз“, шатлот „Буран“ и други вселенски сателитски системи проучувавме како да се спречи тоа штетно влијание. Токму тогаш се роди идејата за оваа материја“.

Невролози, хирурзи, рефлексотерапевти пројавуваат интерес за прекривките и капсулите од биполарна ткиво.

Електронските уреди се штетни?

Влијанието на електронските уреди врз човечкиот организам не е целосно изучено. Но, многу истражувања покажуваат дека тие можат да предизвикаат хроничен замор, раздразливост, нарушување во меморијата и вниманието. На пример, научниците од Каролинскиот институт во Стокхолм сметаат дека континуираното користење мобилни телефони во текот на 10 години го стимулира развојот на бенигниот тумор на слушниот нерв.

„Колку повеќе користиме разни електрични уреди, толку побрзо се трошат заштитните ресурси на организмот. Најчувствителни на тоа зрачење се нервниот, имунолошкиот, ендокриниот и репродуктивниот систем“, вели директорот на Центарот за електромагнетна безбедност, кандидат на биолошки науки Олег Григорјев .

Како се мери влијанието на биополарната материја врз човекот?

„При користење на оваа материја се набљудуваат позитивни промени во ендокриниот систем кој влијае на сите други функции на организмот, - вели главниот лекар на Клиниката 'Инсаат-Мед' Виктор Вењуков. - Хормоналните индикатори во анализите на болните се нормализираат, јазлите во тироидната жлезда се смалуваат, хипертензијата се намалува, се подобрува спиењето. Покрај тоа, главоболката и болките во зглобовите на пациентите престануваат. Општо земено, имунолошкиот систем се зајакнува“.

По примената на оваа ткиво при лекување на нарушувања на нервниот систем стручњаците од неколку градски клиники го прогласија Screentex за ефикасно самостојно лековито средство.

Материјата е апсолутно безбедна за човекот. При нејзината употреба не може да има „предозирање“, таа не е во спротивност со другите видови терапија или лекови. Во основата на ткивото е јаглеводородна состојка. Во контакт со неа телото го одразува сопственото термичко емитување. Тоа се врши на фреквенции при кои се одвива реконструкцијата на повредениот дел. Затоа оштетените ткива, на пример по операцијата, брзо се регенерира под биополарни прекривки.

„Материјата не е лек за сите болести, - објаснува Александар Титомир. - И дури не штити од сите штетни нешта кои го трошат организмот, не може да се спротивстави ниту на надворешните вируси, ниту на нападите врз главниот мозок. Нејзината основна предност е во тоа што таа може да го разбуди механизмот на клеточна саморегулација и саморегенерирација“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња