Руските научници велат дека хомеопатијата е бесполезна

08 февруари 2017 Олег Егоров
Комисијата за борба со псевдонауката (да, постои и таква) при Руската академија на науките донесе одлука: хомеопатското лекување нема научна основа и е бесполезно. Научниците му препорачуваат на Министерството за здравство да ја отстранат хомеопатијата од здравствениот систем и да ги маркираат хомеопатските лекарства како бесполезни.
Homeopathic medicine
Извор: Getty Images

„Во научната јавноста на хомеопатијата денес се гледа како на псевдонаука, - се вели во меморандумот на Комисијата за борба со псевдонауката при Руската академија на науките (РАН) објавен на 6 февруари. – Нејзината примена во медицината им противречи на целите на домашното здравство и треба да се покаже државен отпор“. РАН нема направено одделно истражување – документот се засновува на многубројните други научни работи за хомеопатијата. Меморандумот го потпишаа повеќе од 30 научници и лекари.

Авторите на документот се уверени: за повеќе од 200 години од своето постоење хомеопатијата како вид на лекување ја нема докажано својата ефикасност: „Во повеќе наврати се правени обиди хомеопатијата да се стави на научна основа. Сите излегоа безуспешни“. Научниците се обраќаат до Министерството за здравство со барање да не се користат хомеопатски препарати во државните клиники и при нивната продажба во аптеките да се укажува дека ефикасноста на овие лекарства не е докажана.

„Лекување на нештото со истото нешто“

Хомеопатијата се појавила кон крајот на 18 век, а ја создал германскиот лекар Христијан Ханеман. Тој претпоставува дека средството кое кај човекот предизвикува некаква болест, во многу мали дози може да послужи како лек за таа болест – „нештото се лекува со истото нешто“, како што тоа го формулирал лекарот.

На ова и се засновува хомеопатијата: активната материја се разредува за стотици пати до оној степен што нејзината концентрација станува ништожна. Приврзаниците на хомеопатијата сметаат дека разредениот лек ја зачувува ефикасноста, а противниците се уверени дека хомеопатијата не носи никаков ефект.

„Најважно е со хомеопатија да не се лекуваат сериозни болести“, пишува новинарката Асја Казанцева во статија за весникот „Вокруг света“ за хомеопатијата, каде укажува дека овој метод на лекување, всушност, со ништо не се разликува од плацебото. Заштитниците на спорниот метод од „Националниот совет за хомеопатија“ се побуниija и го дадoa на суд списанието, но го изгубиija спорот.

Сепак, хомеопатијата во Русија е добар бизнис. Аналитичката компанија QuintilesIMS ја оценува продажбата на хомеопатските препарати во 2016 година на 7.32 милијарди рубли (123 милиони американски долари), што е за 5.6% повеќе одошто во 2015 година.

Офанзива на големо

Меморандумот на комисијата за борба со псевдонауката е најсериозната изјава во историјата на Русија против Хомеопатијата. „Ова е реакција на општиот опскурантизам во медицината и науката, на проникнувањето на хомеопатијата во медицинските високообразовни институции, на некритичките публикации за хомеопатијата во државните медиуми“, вели за „Руска реч на македонски“ кардиологот и шефот на терапевтското одделение на Таруската Болница Артемиј Охотин. Според него, некои лекари и претходно ја критикувале хомеопатијата, но сега е неопходна „заедничка, силна изјава“.

Приврзаниците на хомеопатијата не се согласуваат со меморандумот. Така, бизнис-весникот Комерсант го цитира членот на професионалната асоцијација на лекарите-хомеопати на ЗНД Михаил Школенко, кој е уверен во ефикасноста на хомеопатијата. Според него, со помош на хомеопатијата се лекувале познати луѓе, вклучувајќи го и рускиот император Николај Први и маршалот Георгиј Жуков.

Русија не е единствената земја каде научната јавност гледа на хомеопатијата со скепса. Така, Светската здравствена организација предупредуваше за хомеопатското лекување уште во 2009 година – во СЗО подвлекуваат дека имено ова лекување наместо научно поткрепеното може да доведе до смрт.

Незаконска ли е сега хомеопатијата во Русија?

Меморандумот на комисијата на РАН нема правна сила – тој претставува само обраќање до Министерството за здравство, Федералната антимонополска служба (ФАС) и до другите органи на власта. Во министерството изјавија дека ќе создадат работна група во која ќе влезат како научници на РАН, така и специјалисти по хомеопатија – за проучување на ситуацијата и за изработка на политика во однос на хомеопатијата. ФАС го поддржа меморандумот, сметајќи го за „достоверен, одамна очекуван“.

Артемиј Охотин смета дека сосема е веројатно оти Министерството за здравство ќе ја прифати препораката на Комисијата, но тешко дека ќе ја искорени хомеопатијата во Русија. „Лекарите кои практикуваат хомеопатија нема да станат поучени од нејзината забрана, а кај пациентите нејзината популарност може само да порасне. Затоа прифаќањето на меморандумот ќе има повеќе симболичко значење, ќе укаже на принципиелната приврзаност на Министерството за здравство кон науката и научното знаење“, вели Охотин за „Руска реч на македонски“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.