Руските стартапери Антон Дерљатка и Олег Фоменко оваа година во Велика Британија ја стартуваа апликацијата Sweatcoin, која на корисниците им пресметува виртуелни пари (swc) за изминатите чекори. За секојa илјадa чекори корисникот добива по еден swc. Понатаму тој за собраните пари ќе може да купи различни производи или услуги кои се понудени со апликацијата. На пример, тоа може да биде спортска облека, обувки, вежбање со личен тренер и друго.
„Виртуелните пари се иднината. Денес на пазарот постои вишок понуда на стоки и услуги. На луѓето им недостасува едноставно движење. Ова постепено ќе доведе до пораст на цената на нашата единица“.
Идејата за еден ваков стартап ја добил Дерљатка пред година и пол, тој се занимавал со трчање на долги растојанија и измислил начин да ја зголеми мотивацијата кај спортистите-аматери – да им се плати за изминатите чекори.
Основаната публика на проектот се љубителите на активниот начин на живот, оние што трчаат, корисниците на фитнес-трекерите. Денес корисниците на апликацијата имаат изминато над една милијарда чекори и имаат заработено 1 милион swc.
Според Фоменко разликата помеѓу Sweatcoin и неговите конкуренти е во тоа што апликацијата точно ги пресметува чекорите. Врз основа на сопствените алгоритами, а исто така и користењето на GPS и на друга статистика програмата не дозволува корисникот да мами, во прв ред себеси, а исто така и да „мести“ чекори.
Сега на производот работат осуммина. Основачите и низа бизнис-ангели имаат инвестирано во проектот повеќе од 900 илјади американски долари. Sweatcoin има повеќе од десет партнери. Меѓу нив се и британските доставувачи на спортска опрема и услуги Vivobarefoot, BoomBoom Athletica и Fitbug. Во иднина бизнисмените планираат да тргуваат со swc заедно со другите виртуелни валути.
Засега услугата е достапна само за британските корисници на Ајфон. Според Фоменко, локацијата на проектот не била избрана случајно: во Велика Британија е голем проблемот со дебелината и државјаните на земјата не се рамнодушни во врска со здравиот начин на живот.
Во иднина бизнисмените планираат да стартуваат апликација за корисниците на Андроид, а исто така и да излезат на пазарот на САД.
„Засега не постојат директни аналози на нашата апликација. Постојат компании кои се обидуваат да ги наградуваат клиентите за физичка активности“, вели Фоменко.
Впрочем, идејата да се заработува на движење инспирирала и други иноватори. Апликација како што е Swetcoin, во Велика Британија планира и BitWalking.
За перспективите на виртуелните пари со Фоменко се согласуваат и Интернет-инвеститорите: на почетокот на 2016 година Sweatcoin од бизнис-ангелите има добиено дополнителни инвестиции во износ од 600 илјади американски долари.
За жал, тешко дека оваа апликација ќе се појави во татковината на иноваторите: во Русија постои забрана од Централната банка за паричните сурогати – биткоин и други криптовалути. Затоа ваквата услуга не може да се понуди во Русија како бонус, како што е случајот во Европа.
Впрочем според шефот на одделот за производи на Јандекс Мани Ала Савченко, идејата да се наградуваат корисниците за некакви дејствија мошне активно се применува кај компаниите. Добар пример за тоа се бонусите на авиокомпаниите, кои им даваат можност на руските корисници да плаќаат за летови со милји.
Сепак, како што забележува Савченко, пости тенка граница помеѓу програмата за лојалност на официјално регистрираните компании во Русија и виртуелните пари, кои постојат без јасно законодавство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче