CardioQVARK го следи срцето од смартфон

Press photo
Руските иноватори создадоа нов уред за правење ЕКГ во вид на футрола за Ајфон.

За да се направи ЕКГ корисникот на новиот дивајс CardioQVARK треба само да го стави средните прсти на двата сензори на специјалната футрола. По пет минути ќе биде готово неговото ЕКГ и дешифрирањето кое се врши според специјален алгоритам. Резултатите од истражувањето може да му се испратат на лекарот со соодветна апликација на Ајфон или на Ајпад.

„Стив Џобс ни стави компјутер во џебот. И сè стана џевно: банкарските трансакции, купувањето, телевизијата и филмот, книгите и временската прогноза, - вели Александат Ежков, инвеститор на проектот CardioQVARK. – Но, сето тоа го заобиколува најважното – здравјето. Благодарение на новите технологии, компјутерот што го носите в џеб може да ја контролира работата на основниот човечки орган – срцето“.

Што значат сите тие графеми?

Во светот постојат неколку преносни уреди кои прават ЕКГ. Но, една работа е да му се покаже на корисниот кардиограм, а друга да му се објасни што значи тој.

На пример, футролата за смартфон ECG Check ($123) за iOS и Android производство на Cardiac Designs прави ЕКГ во реално време, но не дава појаснувања за него.

Друг популарен дивајс е футролата за смартфон AliveCor (99 американски долари) кој веќе има направено повеќе од 5 милиони ЕКГ. Сепак корисникот мора секој пат да плати за дешифрирање. На пример, за два долари во текот на 24 часа резултатите ќе ги појасни U.S. based cardiac technician – not a doctor. За 5 долари може да се добие истото, но за само 30 минути. За 12 американски долари, пак може да се добие клиничка анализа и извештај од сертифициран американски кардиолог.

Иноваторите на CardioQVARK забележуваат дека тие први пронашле како автоматски да се дешифрира кардиограмот во реално време. Односно, доколку корисникот има аритмија, апликацијата веднаш ќе му го соопшти тоа. Сепак, за разлика од западните конкуренти CardioQVARK засега работи само со Ајфон 5/5Ѕ – моделот за Ајфон 6/6Ѕ ќе се појави годинава.

Кардиограмот како начин за продолжување на животот

Сега CardioQVARK миниува сертификација за добивање лиценца MFI (Made for iPhone) и регистрација за медицинска направа. Овие документи ќе му овозможат на проектот да излезе на странските пазари. Малопродажната цена на направата во Русија во предпродажба изнесува околу 110 американски долари.

Според иноваторите на CardioQVARK приборот може суштински да го зголеми животниот век на луѓето. Според податоците на Рускиот завод за статистика, во 2014 година од срцеви заболувања во Русија починале 610 илјади луѓе. Ова е една од основните причини за смртноста. Сo помоп на тест-партијата на приборот CardioQVARK веќе се контролирани илјада пациенти, а лекарите имаат обработено 10 илјади кардиограми.

Создавањето на CardioQVARK траеше две години. Во создавањето на производот учествуваа неколку компании и низа научници од цела Русија. Сите компоненти на уредот се направени во Русија.

Определување на пушачите според аритмијата

Понатаму иноваторите планираат да го усовршат приборот, со цел показателите на ЕКГ да можат да препознаваат возраст, физиолошка или емоционална состојба, како и постоење на штетни навики.

Според кардиологот Михаил Степанов, CardioQVARK е интересен изум со ограничено користење. „Фактички уредот овозможува да се даде заклучок за постоење или за отсуство на неколку форми аритмија, но не дава информација за состојбата на срцевиот мускул, постоење на ишемија, не овозможува да се постави точна дијагноза за нарушувањето на ритамот, - вели Степанов. – Тој е наменет само за тековна контрола на срцевиот ритам“.

Тешко дека кардиолозите ќе поставуваат дијагнози според резултатите од CardioQVARK, смета Степанов. „За тоа се потребни сериозни анализи, кои би ја потврдиле соодветноста на обработката на сигналот добиен од прстите кои се ставаат на еканот“. Според Степанов, предноста на апликацијата се состои во дистанционата комуникација на лекарот и пациентот, а исто така има и добра функционалност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња