„Руска реч на македонски“ на своите читатели им ги нуди основните тези од интервјуто на членот на ГВЕ, специјалниот претставник на претседателот на РФ за меѓународна соработка во сферата на информациската безбедност Андреј Крутских, што тој го даде за весникот Комерсант.
Зошто Русија дава големо значење на извештајот на ГВЕ?
Овој извештај го чувствуваме како почеток на некаков процес. Кога меѓународната заедница ќе созрее, ќе биде можно да се постават и правни обврски. Дотогаш тие ќе носат карактер на морална обврска.
Кога ќе започнат да се инкорпорираат овие норми?
Со оглед на тоа дека нормите во извештајот се донесени со консензус во рамките на основниот механизам, може да се смета дека тие веќе носат карактер на применливи препораки на ОН
Која е конечната цел на РФ?
За Русија идеална би била правно обврзувачка меѓународна конвенција под закрила на ОН за обезбедување глобална информациска безбедност.
Каква е позицијата на Русија за сајбер-војните?
Најважно е да не се легализира и да не се регулираат конфликтите во информацискиот простор, туку да се запира користењето на информациско-комуникативните технологии (ИКТ) во воено-политички цели.
Зошто Русија се противи на примената во сајбер-просторот на 51 член од Повелбата на ОН со која се гарантира правото на самоодбрана во случај доколку врз неа се изврши вооружен напад?
Доколку, без да размислиме, напишеме дека 51 член на Повелбата на ОН се однесува на сферата на ИКТ, тогаш на силните земји ќе им дадеме можност да го искористат секој хакерски напад како повод за одговор на примена на сила, односно за војна.
Светската заедница мора да се договори за клучните термини и сфаќања во сферата на користењето на ИКТ. Ова вклучува и нешта како што е „вооружен напад“.
Што да се прави со сајбер-нападите за кои постојано известуваат медиумите?
Едностраните изјави дека една или друга држава може да е поврзана со противправни дејствија во информацискиот простор е недоволна за да се препише дадената штетна активност на таа држава. Обвинувањата дека некоја држава организирала и направила сајбер-напад треба да бидат докажани.
Што да се прави доколку сајбер-просторот сепак се користи за нанесување штета на некоја држава?
ИКТ треба да се користат исклучиво во мирни цели. Ова значи дека дејствијата како што се деактивацијата со помош на компјутерскиот вирус Stuxnet на објекти на иранската атомска индустрија се незаконски. Во крајна линија се надвор од моралните закони.
Што да се прави со хакерите?
Државите носат одговорност за сé што се случува во нивниот информациски простор и што потекнува од нивната територија. Согласно тоа, државите не треба да ги поддржуваат дејствијата на хакерските групи.
Во што уште се состои важноста на извештајот?
За првпат се вели дека е незаконска и штетна дејноста за примена на вируси во производството на информациска технологија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче