Руско ноу-хау за европските фарми

Извор: Игор Русак / РИА Новости

Извор: Игор Русак / РИА Новости

Рускиот физичар и конструктор Александар Белоносов измисли уред кој го пастеризира и го пакува млекото директно под кравата за само 30 секунди. Тој предвидува дека овој апарат ќе биде добар за европскиот пазар, а неговата цена ќе биде речиси 25 илјади евра.

Технологијата под назив 30Sec Milk ја измислија и ја реализираа физичарот и конструктор Александар Белоносов и неговиот пријател, бизнисменот Андреј Кутејников. 

Во октомври 2012 година тој доби руски патент за „интегрален диолно-млечен комплекс“, во март 2014 година ист ваков патент беше добиен во Германија. Според Кутејников, прототипот на уредот 30Sec Milk чинел околу 5 милиони рубли (73 илјади евра), од кои 1.3 милиони рубли (19 илјади евра) биле потребни за скапите делови од Шведска. Уште 5 милиони рубли биле вложени за истражување на пазарот.  

Во Европската Унија има 1.6 милиони фарми за млеко со средна бројка од 42 крави. Тука постојат мали растојанија за транспорт на млекото од фармата до потрошувачот, високи приходи на населението и огромен тренд на голема вредност на локалните производи за потрошувачите. 

Андреј Кутејников

30Sec Milk изгледа како висока метална табуретка на тркалца; молзењето се врши на традиционален начин со помош на вакуумска цевка. Откако млекото ќе помине низ филтерот, тоа веднаш доаѓа во пастеризаторот кој се наоѓа на горниот дел од уредот. За 10 секунди тоа се загрева на температура која не е пониска од 75 степени Целзиусови. Потоа тоа оди во ладилникот што се наоѓа под пастеризаторот, каде температурата на млекото се намалува на 3 до 5 степени Целзиусови. Уште малку подолу се наоѓа блокот за пакување: кертриџ со стерилни повеќеслојни кеси. Додека млекото тече во нив, принтерот на кесата ја печати информацијата за времето на молзење, бројот на кравата, називот на фармата, масленоста, рокот на траење. 

Во блиска иднина 30Sec Milk ќе почне на пакувањето на печати OR-код, за во продавницата корисникот да може да ја види сета информација на екранот од смартфон, со што ќе може и да се види фотографија од кравата, нејзината старост, како и видот.

Од моментот кога млекото ќе истече од вимето до моментот на добивање на готовата кеса поминува помалку од една минута. Се претпоставува дека еден апарат во текот на еден работен ден ќе може да опслужи 24-30 крави. 

Поглед кон Европа 

„Во Европската Унија има 1.6 милиони фарми за млеко со средна бројка од 42 крави, - изнесува статистика Кутејников. – Тука постојат мали растојанија за транспорт на млекото од фармата до потрошувачот, високи приходи на населението и огромен тренд на голема вредност на локалните производи за потрошувачите“. Кутејников и Белоносов имаат намера да продаваат млеко во Европа под брендот 30Sec Milk. 

Партнерот на Кутејников, како што вели бизнисменот, веќе се поврзал со повеќе од 20 сопственици и директори на фарми во Велика Британија, Германија, Холандија и во Франција, а 12 од нив искажале подготвеност да ја купат лиценцата за технологијата и брендот 30Sec Milk. 

Кутејников се надева дека во 2015 година ќе продаде во Европската Унија околу 250 уреди 30Sec Milk по цена од 24.9 илјади евра (околу 1,7 милиони рубли според курсот на Централната банка на 4 март), а во цената е вклучена и лиценцата за користење на патентираната технологија. Бонусот од секоја кесичка млеко ќе изнесува 0.12 евра. Уште еден извор на приходи треба да биде и сервисирањето (150 евра годишно по уред) и продажба на расходни материјали, односно на кесите. 

Да се надминат руските стандарди 

Кутејников засега не планира да го продава уредот 30Sec Milk во Русија. Затоа тој ќе се обиде да направи верига од фармата до потрошувачот, давајќи им го на фармерите апаратот бесплатно и купувајќи од нив готов производ. 

Заменик-директорот на научно-истражувачкиот институт Евгениј Кузнецов смета дека самата технологија заслужува внимание, но тргнувајќи од критериумите на конструкторите таа засега во целост не е во согласност со рускиот стандард ГОСТ. „Во најавениот предлог обработката на млекото се извршува на температура од повеќе од 75 степени Целзиусови во времетраење од 10 секунди, што е недоволно за гарантирано уништување на патогената микрофлора – пастеризацијата треба да трае не помалку од 20 секунди, - објаснува тој. – Преместувањето на апаратот од крава на крава ја нарушува санитарната норма, а извлекувањето готов производ во близина на земјата предизвикува прашања во врска со валкање на производот“. 

Целиот текст на руски

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња