Зошто претседателот на Русија користи имиџ на мачо?

Варвара Гранкова
„Како вотката ...“, „Зошто Путин ...“ „Руска реч на македонски“ ги собра најпопуларните прашања од Интернет-пребарувачите кои се однесуваат на Русија. Во серијата написи „Зошто Русија“ ние детално ќе одговориме на секое прашање. Овој пат ќе зборуваме за претседателот Путин и неговиот имиџ.

Една од најпознатите фрази Владимир Путин кажа пред да стане претседател на Русија. Во 1999 година Путин, тогаш премиер на РФ, се изрази остро за борбата против тероризмот, ветувајќи дека тајните служби, доколку е тоа потребно, буквално ќе ги „удават терористите во тоалет“. Тоа беше првата, но сосема не и последна сурова изјава на рускиот лидер.

Моќен лидер

Путин се изрази поостро и за многу други проблеми, дури и на меѓународната сцена. „Сфаќате ли што направивте?“ – Ги праша тој од говорницата на ОН во 2015 година, обраќајќи се кон западните лидери, чија политика на „демократизација“ на Блискиот Исток, по неговото мислење, доведе до раѓањето на „Исламска држава“. А, на 17 јануари, коментирајќи ги гласовите дека Русија поседува компромитирачки материјали за Доналд Трамп, кој наводно имал врска со московски проститутки, претседателот на Русија изјави дека оние кои ги фабрикуваа овие гласини се „полоши од проститутки“.

Реториката на Путин не е ограничена со времето. Во годините на неговото претседателствување, премиерство, а потоа повторно претседателство, Русија и целиот свет го видоа Путин во повеќе енергични улоги. Тој демонстрираше џудо-движења, лично пилотираше борбен авион, пукаше со пиштоли и пушки, возеше велосипеди и тркачки автомобили.

Покрај тоа Путин успеа да пука во тигар со шприц за запивање, да јава коњ топлес, да се издигне на небото со мотоделтаплан и да поведе јато сибирски жерави и да се нурне во длабочините на Црното Море, каде веднаш најде две древни амфори (портпаролот на Путин Дмитриј Песков подоцна призна дека амфорите биле оставени таму претходно од археолозите). Не секој прв човек на државата може да се пофали со толку разновиден (и неизменливо мажествен) живот.

Корени во минатото

Судејќи според спомените на поранешните соседи на Путин во Ленинград (денешен Санкт Петербург - заб. ред.), тој не бил никогаш особено тивок. „Како дете тој растеше немирно - се криеше, правеше бели“, се сеќава во интервју за „Московски комсомолец“ Сергеј Богданов - пријател од детството на идниот политичар. Самиот Путин признава дека неговата личност е многу под влијание на детството, кога не еднаш морал да се бори и да покажува суровост. „Пред 50 години ленинградската улица ме научи: ако борбата е неизбежна, треба да нападнеш прв“, рече политичарот во 2015 година

Политикологот и професор од МГИМО Валериј Соловеј смета дека токму во минатото лежи неговата љубов кон ликот на мачо. „Тој израснал во дворот, меѓу хулиганите, да бидеме директни. Во овие средини владее нагласен култ кон машкоста, се смета за правило да се демонстрира таа машкост“, вели Соловеј.

Потоа Путин служел 16 години во КГБ (1975-1991 година). Според политикологот во круговите на тајни служби, како и во војската, исто високо се цени машкоста, вклучувајќи ги и нејзините надворешни облици. Ова исто така влијае на Путин.

Сите сакаат мачо

Популарноста на Путин во Русија не предизвикува никакви сомневања. Во декември 2016 година неговиот рејтинг беше 86% според податоците на ВЦИОМ. Валериј Соловеј е уверен дека суровиот имиџ на претседателот на Русија е една од компоненти на неговиот успех и Путин добро го знае тоа.

„Путин изгледа како силен лидер, вистински маж - вели политикологот. – Доколку има можност, тој сака да го прикажува тој мачо-имиџ преку манирите на однесување и физичката кондиција“.

Соловеј е уверен дека „љубовта кон силната рака“ и силниот лидер е вродена не само за Русија, но и за секое општество, „дури и на најдемократското и најрафинираното“. Доказ за тоа е, на пример, победата на Доналд Трамп во САД. „Ако го погледнеме Трамп, тој се однесува слично како Путин“, вели експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња