Путин: „Дали барем сега сфаќате што сторивте?“

Извезувањето социјални експерименти во други земји доведе до деградација и таа практика продолжува, изјави рускиот претседател.

Претседателот на Русија Владимир Путин, обраќајќи се пред Генералното собрание на ООН, ги повика на одговорност оние кои ја создадоа конфликтната ситуација на Блискиот Исток и дозволија ширење на тероризмот.

„Не треба да го забораваме искуството од минатото. Ние, на пример, се сеќаваме и на примери од историјата на Советскиот Сојуз. Извозот на социјални експерименти, обидите да се наметнат промени во едни или други земји, поаѓајќи од своите идеолошки цели, често доведуваа до трагични последици, доведуваа не до прогрес, ами до деградација. Меѓутоа, исто така, никој не учи од туѓите грешки, ами само ги повторува и извозот на револуции, сега веќе таканаречени „демократски“, продолжува“.  

„Агресивното надворешно мешање доведе до тоа што место реформи државните институции, животниот стил беа просто немарливо срушени. Место прослава на демократијата и прогресот – насилство, беда, социјална катастрофа, а правата на човекот, вклучително и правото на живот, никаде не се применуваат.

„Така што сакам да ги прашам тие кои ја создадоа таквата ситуација – дали барем сфаќате сега што сторивте?“

„Се плашам дека ова прашање ќе остане да виси во воздух затоа што од политиката, во чија основа лежи самоувереноста во својата ексклузивност и неказнивост, се немаат откажано“, рече во својот говор претседателот Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња