Насловот на песната „Куба - љубов моја“ одамна е крилата фраза. Овој, како сега се нарекува хит, е напишан од најавторитетните тогашни советски песнописци - композиторот Александра Пахмутова и поетот Николај Добронравов. Делото било подготвено за посетата на Фидел Кастро на градот Братск во 1962 година
Кубанските танцувачки ритами и револуционерниот патос на песната - така во тие години советскиот народ го замислував островот на Слободата. Песната била исклучително популарна, таа е изведена од многу пејачи. Но, најзапаметени записи се оние на Муслим Магомаев и Јосиф Кобзон. Кога во 1962 година се снимаше новогодишната програма „Огоњок“, Јосиф Кобзон ја исполни песната во сликата на Фидел.
Од двата главни хероја на револуцијата генерацијата на шеесеттите го избра за идол Фидел Кастро, а младите од почетокот на XXI век - Че Гевара. Портрети на Фидел Кастро се создадени од многу признати советски уметници и скулптори, почнувајќи од класикот на монументална уметност Лев Карбала до помалку популарни автори.
“!Татковина или Смрт! Ќе победиме!“ Портрет на Фидел Кастро од серијата на сликарот Иван Акимович Сушченко „Моите впечатоци од Куба„ (1962).Н. Клевцов / РИА Новости
Фидел Кастро бил совршен модел - светол убавец, харизматичен, со правилни црти на лицето и неверојатна внатрешна енергија. Сето тоа денес се чита дури и од обични ескизи со молив. Советските сликари создавале портрети на Кастро не само во времето на Хрушчов, но и подоцна, во ерата на Брежњев.
Еден од првите посетиле на островот во шеесеттите години од минатиот век бил сè уште младиот уметник, а потоа класик на суровиот стил Пјотр Осовски. Тој се сеќаваше како ги правел скиците додека Кастро, за време на ручек, разговарал со советските гимнастичари.
Меѓу членовите на првите делегации во Куба, претставувајќи ја советската креативна интелигенција од почетокот на шеесеттите години од минатиот век, бил и поетот Евгениј Евтушенко. Таму тој лично се запознал со Фидел Кастро, контактирал со него. Како резултат на ова патување се родила поемата во проза „Јас сум Куба“. Во 1964 година Евтушенко пишува по неа сценарио, а Михаил Калатозов го снима истоимениот филм. Неколку новели зборуваат за судбините на обичните луѓе во пресрет на кубанската револуција.
Репродукција на сцена од филм на Михаил Калатозов, базиран врз основа на прозна поема на Евтушенко. Мосфилм и ICAIC (Куба) студија, 1964 година. / РИА Новости
Легендарниот балет „Кармен свита“ и до ден денешен се смета не само за класика во балетскиот жанр, но и е една од најјарките претстави во втората половина на дваесеттиот век. На барање на Маја Плисецкаја во 1967 година кубанскиот кореограф Алберто Алонсо го поставува за неа во Бољшој театар балетот „Кармен свита“, напишана од Родион Шчедрин според истоимената опера на Жорж Бизе. Сега тоа може да ни се чини чудно, но во тоа време претставата била скандалозна: на сцената Плисецкаја застанала на цело скалило, што е недозволиво во академскиот танц. Впрочем советската цензура поскоро негодувала за нешто друго - искрената сексуалност со која Плисецкаја ја танцувала својата Кармен.
Маја Плисецкаја како Кармен во сцена од балетот Кармен Суита, на музика од Жорж Бизе, диригирана од Родион Шчедрин и изведена во театарот Бољшој од Москва. Извор: Соловјев / РИА Новости
На фонот на официјалната советска естрада бројните турнеи на кубанските танцови ансамбли во Советскиот Сојуз биле вистинска голтка слобода. Небаре се претставници на туѓа цивилизација, кубанските музичари ги исполнувале своите мелодии на гитари и маракаси, а танчарките во костуми со раскошни ракави ги движеле колковите по сцената. Занесот по нив бил практично сеопфатен - наместо советската гимнастичка пирамида пионерите изучувале кубански танци. Ова не бил минлив период, ами траел околу две децении.
Група составена од ансамблот на колективот за песни и танцот „Училишни години“ од селото Новопокровскаја го изведува танцо „Куба“./ Владимир Первенцев
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче