Зошто Адмирал Кузнецов ќе нанесе удар на Алепо токму сега?

15 ноември 2016 Николај Литовкин
Група носачи на авиони ќе почне да уништува терористички формации во далечните делови на Алепо, кои се обидуваат да го пробијат оградениот ешалон на сириската армија во западен и во југозападен правец. Според експертите изборите во САД ѝ даваат на Русија дополнителен шанса да постигне пресврт во борбите со Исламска држава во Сирија.
Admiral Kuznetsov
Извор: Getty Images

Во многу блиска иднина групата носачи на авиони, предводена од крстосувачот Адмирал Кузнецов, ќе нанесат удар на позициите но борците од Исламска држава во реонот на Алепо, соопшти електронското издание Газета.ру, повикувајќи се на свој извор во Министерството за одбрана на Руската Федерација.

„Главната задача на групата носачи на авиони, заедно со бродовите од Црноморската флота на Русија, стратешки авиони и авиони со голем дострел, како и авиони од авиобазата Хмејмим е да нанесе ракетно-воздушни удари врз терористичките формации, кои се обидуваат да пробијат пат до Алепо од најоддалечените точки“, пишува руското издание.

Сега специјалистите од Министерството за одбрана на Руската Федерација ја завршуваат работата за определувањето на нови области во кои се концентрирани борците, логори за подготовка на бомбаши-самоубијци, стационирани позиции, а исто така и откривање на нивните правци на движење, како и базите каде го држат оружје и од каде се снабдуваат.

„За таа цел во Сирија значително беше зголемена групата руски разузнавачки средства, вклучувајќи беспилотни летала, средства за радиотехничко разузнавање. Во собирањето разузнавачки податоци активно учествува и орбитална вселенска група“, вели извор на Газета.ру.

Тој додава дека во изминатите две недели терористите се обиделе неколку пати да направат пробив во позициите на сириската армија во западен и југозападен правец.

Во составот на групата носачи на авиони влегуваат најтешкиот крстосувач Адмирал Кузнецов, најтешкиот атомски ракетен крстосувач Петар Велики, големите бродови за борба со подморници Североморск, Вицеадмирал Кулаков и пловила за техничко обезбедување.

Зошто сега?

„Моментот е посебен и не е избран случајно. Групата носачи на авиони ќе нанесе удар на борците на ИД во реонот на Алепо во период на политички превирања во САД, кога новиот претседател сè уште официјално не е инаугуриран“, изјави за „Руска реч на македонски“ професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Според него, сега има можност да се нанесат масовни удар и да се реши проблемот со ИДИЛ крај Алепо пред Трамп да почне да презема контрамерки против Русија и Сирија.

„Испраќањето на Адмирал Кузнецов во Сирија е проверка на оперативно-техничката можност и способноста на нашата ударна група носачи на авиони, бидејќи порано Русија никогаш не користела носачи на авиони во реални борбени услови“, вели за „Руска реч на македонски“ главниот уредник на списание „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски.

Во моментов на носачот се наоѓаат близу 15 борбен Су-33 и Миг-29К/КУБ, а исто така повеќе од 10 хеликоптери Ка-52К, Ка-27, Ка-31.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.