Како изгледа еден обичен руски корупционер?

Kommersant
Специјалистот на Академијата на Генералното обвинителство состави просечен портрет на оние што земаат мито, а исто така и на оние што даваат мито. Тоа се луѓе постари од 30 години, со високо образование, кои се високо на листата на своето раководство.

Како што велат од овој ресор, според карактеристиките што ги направиле научниците на академијата на Генералното обвинителство, мошне често примачи на мито се мажи на возраст од 35 до 45 и од 35 до 55 години, а поретко на возраст повеќе од 55 години. По правило тоа се луѓе со високо образование и извршуваат раководна функција во извршната власт на локално, а поретко на регионално ниво.

Претходно не одговараа

Обидувајќи се да земат мито, несовесните службеници се обидуваат колку што е можно да бидат подалеку од „ударот“. Затоа тие активно ги вклучуваат во оваа дејност своите потчинети, давајќи им соодветни наредби, се вели во заклучоците на специјалистите.

Притоа мошне често пред да биде откриено злосторството овие соработници претходно не биле кривично, административно или дисциплински гонети и раководството сметало дека се добри работници.

Како што сметаат специјалистите од Генералното обвинителство, оние што примаат мито, по правило, се раководители на комерцијални организации, а понекогаш се тоа луѓе кои не се соработници на определената структура за која е наменето митото.

„Ваквите лица често се поврзани со раководните органи на организацијата која зема мито и дејствуваат според нивните назнаки“, се забележува во извештајот.

Надзорниот ресор исто така направи и портрет на оние што даваат мито.

Оние што даваат мито, според статистиката, се мажи на возраст од 35 до 55 години.

„Сепак, многу почесто, одошто е тоа случај со оние што земаат мито, има лица кои се млади, односно на возраст до 35 години. Исто како и оние што примаат, и оние што даваат мито се лица со високо образование“, се забележува во извештајот на обвинителството.

Во отчетот исто така се вели дека меѓу оние што даваат мито многу ретко има индивидуални бизнисмени, а дека митото најчесто било давано на раководителите или на основачите на комерцијалните организации, а поретко на соработници на ваквите организации или на нивни претставници.

Најголемиот број од оние што даваат и што добиваат мито се руски државјани.

Од вкупниот број ја оние што имаат извршено ваков криминал во 2015 година само 4.6% биле странски државјани.

Доколку зборуваме за средната сума на митото во Русија, според генералниот обвинител на РФ Јуриј Чајка, во 2015 година таа изнесувала 212 илјади рубли (околу 3.000 евра), а претходно оваа сума изнесувала „само“ 193 илјади рубли (околу 2.700 евра).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња