Турски тенк се движи кон границата во Каркамис на турско-сириската граница во југоисточната провинција Газиантеп. 25 август 2016 година, Турција
РојтерсОдносите помеѓу Москва и Анкара се подложени на ново искушение. Со воено-воздушната поддршка на коалицијата предводена од САД, на 24 август турската армија навлезе на територијата на Сирија, започнувајќи ја антитерористичка операција „Штитот на Еуфрат“ која не е согласувана со Дамаск. До вечерта пограничниот град Џараблус беше извојуван од Исламска држава. Потпретседателот на САД Џо Бајден, кој пристигна во посета на Анкара, ја одобри турската операција, додека Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изрази „длабока загриженост“. Операцијата во Сирија, која не беше координирана со Москва, крие опасност да го комплицира процесот на нормализација на билатералната соработка, договорено во Санкт Петербург од претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган го најави почетокот на операцијата утрото на 24 август и појасни дека таа е насочена против терористичката група Исламска држава (забранета во Русија) и курдските сили за самоодбрана, кои Анкара ги дефинира како терористички.
Подготовките се спроведува неколку дена. Додека борците од турските единици за специјални намени вршеа разузнавање на локациите на територијата на Сирија, турските тенкови и тешката артилерија се насочени кон пограничните области. Благодарение на масовното бомбардирање на Џараблус (во првите часови беа регистрирани не помалку од 224 удари врз 63 цели) и големиот број воздушни напади со учество на авиони на меѓународната коалиција на чело со САД, единиците на опозицијата, кои се дел од „Сириската слободна армија“ (ССА), успеаја да влезат во градот и за неколку часа да ја преземат контрола врз него. Никој не им покажа сериозен отпор: борците на Исламска држава кои се наоѓаат во Џараблус почнаа да го напуштаат градот уште во пресрет на операцијата, а за време на нејзината активна фаза тие се повлекоа целосно.
Чад се издига од сирискиот пограничен град Џараблус. Фотографијата е снимена од турскиот град Каркамис во југоисточната турска провинција Газиантеп. 24 август, 2016 година. Извор: Ројтерс
Во изјавите на турската страна се тврдеше дека случувањата во никој случај не треба да се дефинира како копнена операција: задачата била да се отвори коридор за вооружените формации на умерената сириска опозиција за прочистување на Џараблус од терористите. Да се истакне дека токму од овој град во последно време се отвора оган врз територијата на Турција.
Според воен извор, руските тајни служби имале податоци за намерата на Турција да изврши операција, но размерот се покажал неочекуван: „Овој град можеше да биде преземен со помалку сили, тие нема да запрат на овој регион и најверојатно ќе тргнат понатаму“.
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изрази „длабока загриженост“ во врска со турската операција во Сирија: „Предизвикува тревога можноста од натамошно влошување на конфликтот, имајќи ги предвид можните дополнителни жртви меѓу мирното население и заострувањето на меѓуетничките несогласувања меѓу Курдите и Арапите“. Официјалните сириски власти ги нарекоа активностите на турските сили како „инвазија“. Во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи, кое го повика Советот за безбедност на ОН итно да интервенира во ситуацијата и „да ја прекине агресијата“, се наведува дека Сирија го „осудува преминувањето на тенкови и оклопни техника на Турција преку границата во насока кон градот Џараблус со поддршка од воздух на американската коалиција и гледа на ова како грубо кршење на суверенитетот“. Потпретседателот на САД Џо Бајден, кој ја посети Анкара, не ги прифати овие барања, активно ги поддржа активностите на Анкара и ги дефинира како важен чекор во борбата против ИДИЛ.
„Со операцијата 'Штитот на Еуфрат' Турција ја поддржува умерената сириска опозиција со тенкови, артилерија и авијација. Притоа ваква шема и модел веќе беа испробани од Турците“, вели вишиот научен соработник од Институтот за ориенталистика Александар Васиљев. Според него претходно во северен Ирак Турците соработуваа токму на овој начин со локалните Курди кои им се лојални и тоа успешно. „Тогаш тие создадоа цела мрежа од пунктови и воени бази. На овој начин Анкара се обидуваше да се бори со Курдската работничка партија и да ја пренесе оваа борба од југоисточна Турција во северен Ирак“, вели Васиљев.
Според експертот операцијата на Турција е насочена против Курдите, макар што е маскирана како борба против меѓународниот тероризам.
Директорот на Центарот за анализа на стратегии и технологии Руслан Пухов смета дека е премногу симболичен фактот што „Штитот на Еуфрат“ се совпадна со посетата на Анкара на Бајден. „Имајќи предвид дека односите меѓу Анкара и Вашингтон во последниве недели ја достигнаа најниската точка и за двете страни операцијата стана идеална можност да се одвлече вниманието од проблемите исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој на падна во немилост и да покажат дека САД и Турција остануваат стратешки партнери“, вели Пухов.
За Москва операцијата на Анкара стана непријатно изненадување, покажувајќи дека претпоставките за приближување на Русија и Турција во однос на Сирија се прерани. Со донесувањето одлука за операцијата во Џараблус, турскиот лидер испрати порака дека односите со САД за него остануваат приоритетни и дека преферира да дејствува во рамките на антитерористичката коалиција предводена не од Москва, туку од Вашингтон. Според информациите на „Комерсант“ руските воени претставници и дипломати се подготвени при заострување на ситуацијата да ги активираат тајните канали на билатералните врски со турските колеги, а исто така по потреба да искажат загриженост пред САД.
Активностите на Анкара можат да имаат сериозно влијание врз процесот на нормализација на билатералната соработка, за кој се договорија претседателите Путин и Ердоган во Санкт Петербург. „Ердоган, како и претходно, ја играат играта и се наоѓа на другата страна на барикадата“, коментира директорот на центарот „Русија - Исток - Запад“ Владимир Сотников.
Целиот текст на руски јазик на сајтот на „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче