Што знаеме за убиството на Немцов по една година

AP
Истражниот комитет веќе објави дека го затвора случајот за убиството на опозиционерот Борис Немцов. Истрагата траеше речиси цела година. Кој и зошто го убил Немцов? „Руска реч на македонски“ се потсетува на околностите за најскандалозното убиство минатата година.

Пред една година во самиот центар на Москва беше убиен опозиционерот и поранешен прв вицепремиер на Руската Федерација Борис Немцов. Во јануари годинава истражниот комитет на РФ објави дека истрагата е завршена. На обвинителната клупа ќе заминат пет лица, кои се сомничат дека го извршиле делото, а кои одамна се наоѓаат во притвор.

За организирање и нарачка на убиството се сомничи Руслан Мухудинов, кој според информациите на медиумите и на познавачите на делото, е помошник и личен возач на Руслан Гермеев, човек близок до првиот човек на Чеченија Рамазан Кадиров. Сепак, на истрагата не ѝ е познат ниту мотивот на Мухудинов, ниту има информација каде тој се наоѓа во моментов.

„Храбрите воини“ на Чеченија

Од обвинувањето кое е достапно за медиумите, може да се утврди дека убиството на Немцов било планирано од крајот на септември 2014 година. Истрагата утврдила дека единствен мотов на убиецот и на организаторите е интерес. Мухудинов и ветил дека за убиството ќе им даде 15 милиони рубли (224 илјади американски долари). Убиството го извршил поранешниот војник на чеченскиот баталјон „Север“ Заур Дадаев, кој има добиено државни награди. Освен него, за извршители истрагата товари уште четири лица, од кои најмалку тројца претходно имале судир со правниот систем.

Според истрагата тие допатувале во Москва, поставиле набљудување врз Немцов и го убиле додека тој се враќал со својата придружничка, украинскиот модел Ана Дурицкаја, од ресторан. Следниот ден речиси сите извршители отпатувале од Москва, но по една недела биле уапсени во Ингушетија. Апсењето на шестиот извршител се случуваше во Чеченија, но тој се разнесе со граната.

Веднаш по апсењето првиот човек на Чеченија, Кадиров, на својот профил на Инстаграм го обелодени своето мислење за Заур Дадаев, нарекувајќи го „вистински патриот на Русија“ и „еден од најнеустрашливите војници“. „Храбар војник“ го нарече и загинатиот при апсењето Беслан Шаванов.

Само платеници?

Според мислењето на пријателите на Немцов и на адвокатот на неговото семејство Вадим Прохоров, во првата етапа истрагата работела професионално. На почетокот на мај главниот истражен судија во делото за Немцов беше сменет (за нов истражител беше поставен специјалист за чеченски криминал), така што контактите со истрагата станале послаби, вели адврокатот Прохоров.

По првите распити и признавањето на Дадаев (по неколку дена тој се откажа од него) во медиумите се појави името на Руслан Гермеев како веројатен организатор на убиството (тој е и командант на ротата на баталјонот „Север“). Во конечното обвинение организатор и нарачател е само Мухудинов и „други непознати лица за истрагата“, за што окружувањето на Немцов смета дека претставува „непријатен заклучок“.

„Сите оние што се уапсени и што ќе застанат на обвинителната клупа се платеници. Возачот Руслан Геремеев, за кого е издадена потерница, нема никаков однос кон Немцов (во материјалите за делото мотивот на нарачателот не е разјаснет – заб. ред.), како и 15 милиони рубли (224 американски долари) за да им даде на платениците. Односно, (во истрагат) не е дојдено ниту до организаторите, ниту до нарачателот, ниту до мотивите“, вели Прохоров.

Адвокатите на семејството на Немцов бараа од истрагата да го повика на распит Рамазан Кадиров, а исто така и луѓето од неговото најблиско опкружување. Тој, пак, изјави дека се согласува, доколку тоа ѝ помогне на истрагата, но не беше повикан.

Соработниците на Немсов, како и претходно, сметаат дека тој е убиен поради својата општествено-политичка дејност: критиките за претседателот, истражувањето за руските војници на југоистокот од Украина итн.

„Зошто некому од чеченското раководство би му требало да убие опозициски лидер на такво место и во такво време? – вели раководителот на Федералниот информациски центар 'Аналитика и безбедност', поранешен соработник на безбедносните органи Руслан Миљченко. – На Кавказ многу добро знаат какви проблеми може да ѝ направи на моменталната власт едно вакво звучно убиство“.

Што претставува специјалниот баталјон „Север“

Баталјонот беше формиран во 2006 година од структурите кои се под контрола на првиот човек на Чеченија Рамазан Кадиров. Во медиумите „Север“ се нарекува негов личен баталјон.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња