Последици по убиството на рускиот амбасадор

EPA
Последиците од бруталното убиство на Андреј Карлов, руски амбасадор во Анкара, можат да се развијат во најмалку три правци и во три димензии.

Терористичкиот напад го покажува очајот на исламистичките групи кои повеќе не добиваат пари и муниција од своите спонзори и кои сфаќаат дека развојот на настаните во најтурбулентниот регион во светот се свртува против нив.

Нема последици врз односите помеѓу Анкара и Москва

Прво и основно, Москва покажа целосна подготвеност да ги доведе пред лицето на правдата оние што го испланирале убиството. Доцна на денот на атентатот претседателот Путин ги повика на консултации не само министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, ами и првите луѓе на безбедносните и на разузнавачките служби.

Освен дипломатската поддршка (Москва објави дека ќе побара поддршка во Обединетите Нации), може да биде поставено ново ниво на координација за овој случај помеѓу безбедносните служби на Русија и на Турција, за расветлување на случајот.

По медиумите се цитираше коментарот на Фатих Ике, портпарол на Амбасадата на Турција во Вашингтон кој вели: Куршумот за амбасадорот Карлов не само што беше цел за него, ами исто така и за турско-руските односи“.

Ова е уште еден доказ дека постои длабоко разбирање на различни нивоа за односите помеѓу двете земји кои за многу „трети страни“ се интерес за отуѓување на Анкара и Москва. Не овој пат. Инцидентот нема да ги наруши билатералните односи.

Куршумот ја консолидира моќта на Ердоган

Второ, терористичкиот напад ќе има реперкусии врз внатрешната политика во Турција. Се чека да биде потврдена веста на телевизијата ХаберТурк дека 22-годишниот Мевљут Мерт Алтинташ бил инволвиран во ФЕТО.

Доколку е тоа вистина и доколку убиецот е поврзан со Фејтула Ѓулен, поранешен соработник, а потоа ривал и опонент на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој се наоѓа во САД тогаш ќе биде зајакнат „ловот на вештерки“ по неуспешниот државен удар од ова лето.

Згора на сè, тоа ќе го направи наводно „либералниот“ проповедник Ѓулен соучесник од прв степен во убиството. Дали тогаш Москва ќе ѝ се приклучи на Анкара во постојаните барања за негова екстрадиција од САД?

Последователно, дали тоа значи дека откако на 29 јануари му беше доделен азил, Белата куќа ќе го жртвува Ѓулен за подобрување на односите со Турција и со Русија? Ова е провокативно прашање, нели?

Поенергичен дипломатски триаголник

Трето, времето на заплетот е од суштинско значење за истрагата. Изгледа како коинциденција. Убиството е извршени само еден ден пред министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу да се сретне во Москва со своите колеги од Русија и од Иран, Сергеј Лавров и Мохамед Џавад Зариф.

Агендата на преговорите јасно предвидуваше дека главната тема ќе биде новата реалност по освојувањето на Алепо од страна на силите на Башар ал Асад.

Москва вложуваше надеж за прогрес и покрај тоа што официјалниот претставник за надворешни работи на Турција изјави: Ова не е магична средба, но ќе им даде можност на сите страни да бидат сослушани“.

Од друга страна, Сергеј Лавров звучеше многу поуверливо: Се надевам дека ќе зборуваме за детали и за конкретни услови со оние кои можат да придонесат за подобрување на состојбата на теренот, додека нашите западни партнери се занимаваат со реторика и со пропаганда и не влијаат врз оние кои ги слушаат“.

Москва сака да ги доведе регионалните актери до договор за прекин на граѓанската војна во Сирија и да ја уништи заканата од ИДИЛ еднаш засекогаш. Влогот е доволно висок.

Крајниот резултат на оваа долготрајна човечка трагедија во Сирија има директно влијание врз кредибилитетот на позицијата на Русија во регионалната геополитика и на ефикасноста на нејзината дипломатија.

Куршумите што беа кукавички испукано во грбот на рускиот висок дипломат ќе има влијание врз овој, сè уште слаб, триаголник на Русија, Турција и Иран.

Наспроти очекувањата на оние кои го смислиле ова убиство, наместо да наштети на зближувањето на трите регионални сили, инцидентот може само да го засили.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња