Трамп: Моите врски со Русија се измислена приказна

Претседателот на САД Доналд Трамп во интервју за телевизијата Си-Би-Ес ја нарече лажна приказната за неговите врски со Русија.

„Концептот на Русија во однос на нас е целосно измислена приказна“, изјави Трамп.

Тој исто така изјави дека Русија не се мешала во претседателските избори во САД во 2016 година.

„Ако не сте го фатиле хакерот, многу е тешко да кажете кој го извршил упадот“, додаде американскиот претседател.

Трамп исто така ги обвини својата поранешна конкурентка во претседателската трка Хилари Клинтон и нејзиното опкружување за соработка со Русија, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња