„Дожд“ од руски знаменца на „стоте дена“ на Трамп

Во текот на говорот на Доналд Трамп по повод неговите 100 дена како претседател на САД, меѓу присутните беа фрлени знаменца со боите на државното знаме на Русија.

Во текот на говорот на шефот на американската држава Доналд Трамп по повод 100 дена од неговото стапување на функцијата претседател на САД, непознати лица фрлија знаменца со руската тробојка.

Знаменцата беа фрлени директно пред камерата што го снимаше Трамп кога претседателот на САД го изговараше своето главно мото Make America great agaian („Да ја направиме Америка повторно голема“).

Видеото го објави на „Твитер“ новинарот на Си-Ен-Би-Си Стив Копак, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња