Захарова: да му се даде шанса на Трамп да ги подобри односите со Русија

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека односите на Москва и Вашингтон се навистина на ниско ниво, но повика да му се даде шанса на претседателот на САД Доналд Трамп за да ги подобри.

„Да, се согласувам, апсолутно ниско ниво. Ние дадовме толку многу изјави по тој повод, дека треба на некаков начин д аги подобриме нашите односи, во интерес на нашите народи, во интерес на бизнисот, економијата, политиката“, изјави Захарова во интервју за „Јаху Глобал Њуз“, коментирајќи ги зборовите на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон за тоа дека односите меѓу двете земји „се наоѓаат најниското ниво“.

Според мислењето на Захарова, до таквата состојба на нештата доведе „политика која ја одбра претседателот Обама“, пренесува РИА „Новости“.

Коментирајќи ја соработката меѓу двете земја за време на Трамп, Захарова изјави: „Колку што знам, тој штотуку почна. Дајте му шанса“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња