Во Калининград приведени 12 члена на терористичка група

Во Калининград спецназот на Федералната служба за безбедност на Русија приведе дванаесет милитанти на организацијата „Исламски џихад – џамаат на муџахедини“, соопшти прес-службата на институцијата.

Се истакнува дека е веројатно лицата по потекло од Средна Азија да биле вклучени во врбување за терористичката организација.

Специјалните служби го идентификувале лидерот на ќелијата по кого е распишана потерница во Узбекистан за кривични дела од екстремистичка природа. Според информациите на органите на редот и мирот, тој врбувал жители на Калининградската област, вклучително доселеници од Централна Азија, во интерес на емисарите на групата „Исламски џихад – џамаат на муџахедини“.

Приведениот ги признава делата, вклучително и за учеството на неговите роднини во активности на меѓународни терористички организации. Покрај тоа, утврдени се врските на лидерот на ќелијата, во тек е проверка на нивна поврзаност со милитантите кои дејствуваат во Сирија.

Во најскоро време се планира протерување на странците во земјата од која пристигнале. Таму ќе им биде судено за тероризам, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња