ФСБ приведе приврзаници на ИД на Сахалин

Федералната служба за безбедност на Русија спроведе специјална антитерористичка операција на Сахалин.

ФСБ објави видео од специјалната операција на Сахалин во чии рамки се приведени двајца приврзаници на терористичката група „Исламска држава“.

Според информациите на истрагата, двајцата приведени подготвувале терористички напад. Едниот е државјанин на Русија, другиот е по потекло од Централна Азија.

При претресот кај осомничените е најдена самоделна бомба, пропагандни материјали и екстремистичка литература, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња