Медиум: како САД можат да испровоцираат војна со Русија

Магазинот „Нација“ пишува зошто постои голема веројатност од војна меѓу Русија и САД.

Неоснованите обвинувања на адреса на Русија за разгорување на секакви кризи ја зголемуваат веројатноста од руско-американска војна, смета колумнистот на магазинот The Nation, историчар и политолог Стивен Коен.

Во реториката на Вашингтон сѐ почесто се слушаат „потполно сомнителни идеи“ кои подразбираат дека војната со Русија претставува неопходност. Притоа колку повеќе има такви тврдења, толку е поголем ризикот од започнување на војна, истакнува Коен.

Американскиот политичко-медиумски естаблишмент, според зборовите на политичарот, ја оправдува потребата од пумпање на тензиите меѓу Москва и Вашингтн со кризата во Украина, неочекуваниот избор на Доналд Трамп, примената на хемиско оружје во Сирија и сајбер-нападите ширум светот зад кои наводно стои Русија.

„Одделно и заедно овие идеи ја засилуваат милитаризацијата на новата студена војна и генерираат русофопски аналитички оценки во американскиот политичко-медиумски естаблишмент, во кои не се исклучува можноста за реална војна“, се потенцира во статијата.

Притоа обвинувањата сѐ уште не беа поткрепени со реални докази, укажува Коен. Покрај тоа, американските медиуми повеќе не дејствуваат како филтер кој не им дозволува на оние кои се водат од политички мотиви да влијаат врз донесувањето на реални одлуки.

„Наместо тоа, тие самите ги шири и пропагираат таквите идеи“, нагласува Коен.

Во антируската реторика на Вашингтон нема ни факти, ни логика. Таквата стереотипна политика некогаш играше важна улога во разгорувањето на војни меѓу големите држави. Не е исклучено дека истото се случува и во руско-американските односи, пишува магазинот.

Само неколкумина во Конгресот, администрацијата на Трамп и во медиумите се искажуваат против таквите поттикнувања и воинствени тврдења. „А провокации има сѐ повеќе“, резимира Коен, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња