ГШ на РФ: САД може да добијат шанса за ненадеен нуклеарен напад врз Русија

Распоредувањето на системите за противракетна одбрана (ПРО) на САД во Европа создава можност за притаен ракетен нуклеарен напад врз Русија, изјави заменик-началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС на Русија Виктор Познихир.

„Постоењето на американските бази за ПРО во Европа, бродовите со ПРО во акваториите на морињата и океаните, приближени до руската територија, создава силна прикриена ударна компонента за можно извршување на ненадеен ракетен нуклеарен напад врз Руската Федерација“, изјави Познихир, пренесува RT.

Претходно од Генералштабот на ВС на Русија изјавија дека системот за ПРО што го создава САД провоцира нова трка во вооружување.

Воениот експерт Михаил Ходаренок изрази сомневање за можноста за дијалог меѓу Русија и САД за проблемите со ПРО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња