ФСБ: Утврден е нарачателот на терористичкиот напад во Санкт Петербург

ФСБ соопшти дека го знае идентитетот на нарачателот на терористичкиот напад во Санкт Петербург.

Нарачателот на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург е утврден, изјави директорот на ФСБ на Русија Александар Бортников.

„Практично е утврден. Да, да, утврден е“, изјави Бортников за новинарите во четвртокот, одговарајќи на прашањето на „Интерфакс“.

„Сѐ, што беше официјално презентирано, сведочи за подготовката од страна на терористите на нападот што се случи во петербуршкото метро. Постепено ќе ве воведуваме во текот на работата“, додаде првиот човек на ФСБ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња