Кремљ: Рано е да се зборува за придвижување во односите со САД

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков зборуваше за исходот на средбата меѓу рускиот лидер Владимир Путин, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според портпаролот на Кремљ, Путин му го соопштил на Тилерсон своето видување за причините за сегашната тажна состојба на односите меѓу Русија и САД.

„Имаше мошне конструктивна комуникација меѓу претседателот Путин и американскиот државен секретар Тилерсон. Претседателот многу подробно му го изложи на соговорникот своето видување за причините кои ги доведоа нашите билатерални односи до тажната состојба во која сега се наоѓаат“, изјави Песков во четвртокот.

Портпаролот на Кремљ се надева дека со наведеното видување на ситуацијата ќе биде запознаен претседателот на САД Доналд Трамп. Но да се зборува за придвижување во односите меѓу двете земји засега е рано.

„Тоа ќе објасни што од наша гледна точка во претходниот период, во претходните неколку години нѐ доведе во таков билатерален ќорскак“, додаде Песков.

Тој исто така истакна дека на средбата детално било дискутирано на тема Сирија, и за неа Владимир Путин го изложил своето мислење и раскажал за можните перспективи на развој.

Одговарајќи на прашањето дали Русија истапила на средбата со некакви иницијативи или едноставно дала анализа на односите, Песков ја избра втората варијанта, пренесува „Известија“

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.