Eрдоган планира да разговара со Путин за набавка на С-400

Министерот за одбрана на Турција Фикри Ишик изјави дека меѓу темите на кои ќе се дискутира на планираната средба меѓу турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин, ќе биде и набавката на руските противвоздушни системи С-400.

„Сметам дека по завршувањето на преговорите на Ердоган со Путин ќе биде донесена заедничка одлука за претстојните чекори во прашањето за набавка на противвоздушни системи од руско производство“, го цитира агенцијата „Анадолу“ шефот на Министерството за одбрана на Турција.

Притоа министерот не сакаше да навлегува во детали за претстојната дискусија.

Претходно Кремљ соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат во Сочи на 3 мај, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња