Москва ја предупредува Црна Гора за влошување на односите со Русија

Руското МНР смета дека односите со Црна Гора одат во насока на влошување.

Зачленувањето на Црна Гора во НАТО ќе се одрази негативно врз целиот систем на односите на таа земја со Русија, изјави во интервју за „Интерфакс“ заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков, пренесува „Лента.ру“.

„Што се однесува до нашите односи, не само зачленувањето во НАТО како такво, но и цела редица потези кои ги презема црногорското раководство – тоа се и приклучувањето на антируските санкции, и антируските кампањи во локалниот печат, - се разбира, се одразуваат и неизбежно ќе се одразат негативно врз целиот комплекс на руско-црногорските врски“, изјави заменик-министерот.

Според Мешков, Москва смета дека кардиналните прашања во животот на една или друга држава треба да ги решаваат народите на тие земји. „Во наведениот случај, тоа е правото на црногорскиот народ на референдум да определи: дали сакаат тие нивната земја да стапи во НАТО или не сакаат“, додава Мешков.

Претходно во четвртокот на 20 април портпаролот на руското МНР Марија Захарова предупреди предупреди за настанатата во Црна Гора „неповолна за Русите ситуација“.

Потоа и Ростуризм објави на својот сајт предупредување до руските граѓани кои сакаат да заминат на одмор во Црна Гора.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња