Ростуризм: Во Црна Гора е неповолна ситуацијата за руските туристи

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација предупреди дека за Русите настанува неповолна ситуација во Црна Гора.

„Во контекст на наглото влошување на билатералните односи испровоцирано одПодгорица, очекуваното во блиска иднина зачленување на Црна Гора во НАТО, иницираната одлука на црногорските власти за целосно придружување кон санкциите на Европската Унија против Русија, забележуваме наплив на антируска хистерија. Бележиме пораст на негативниот однос спрема рускиот бизнис и нашите сонародници, наметнување на непријателско спрема Русија и нејзините раѓани расположение во општеството со помош на владејачката коалиција. Не исклучуваме можни провокации, приведувања под сомнителни мотиви, обиди за екстрадиција на граѓани на Русија на трети земји“, се вели во соопштението на сајтот на МНР на Русија.

Федералната агенција за туризам на РФ апелира до туроператорите. кои реализираат тури во Црна Гора, да ги предупредуваат клиентите за постојните ризици.

На Русите кои планираат туристичко патување во Црна Гора, Ростуризм им препорачува да ја имаат предвид ситуацијата во земјата и можните ризици.

„Безбедноста на туристите треба да биде приоритет не само за државата, туку и за туристичкиот бизнис. Во случајот со Црна Гора се работи не само за недружељубива средина за руските турист, туку и за потенцијалните закани кои треба да ги имаат предвид граѓаните кои планираат варијанти за одмор во таа земја. Ние им препорачуваме на туристите да направа споредба на добрите и лошите страни и да донесат промислена одлука. Туроператорите ги повикуваме задолжително да ги информираат клиентите за неблагопријатната за Русите ситуација во Црна Гора“, изјави раководителот на Федералната агенција за туризам Олег Сафонов.

Од друга страна, црногорското министерство за надворешни работи ги отфрли како неосновани обвинувањата за „антируска хистерија“ во Црна Гора.

„Не е забележан ниту еден случај некој руски бизнисмен или турист да доживеал непријатност во Црна Гора, ниту во нашата земја постои некаков вид на непријателско расположение спрема рускиот народ. Во тоа можат да се уверат илјадниците руски граѓани кои до ден-денес престојуваат во нашата земја“, се вели во реакцијата на МНР на Црна Гора што ја пренесува „Спутник“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња