Русија достави докази во ОЗХО дека нападот во Идлиб е инсцениран

Москва достави во Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) низа докази кои сведочат дека инцидентот со можната примена на отровни материи во сириската провинција Идлиб е инсцениран. Ова во интервју за ТАСС го соопшти постојаниот претставник на Русија во организацијата Александар Шуљгин.

Според Шуљгин, на седницата на Извршниот комитет на ОЗХО во Хаг директорот на одделот за прашања за неширење и контрола над вооружувањето на МНР на Русија Михаил Улјанов покажа неколку фотографии од местото на можниот напад со хемиско оружје, без оглед на обидите на претставниците на повеќе западни земји да го спречат тоа.

Улјанов укажа на низа несовпаѓања меѓу видеата објавени на „Јутјуб“ и оперативните фотографии од местото на инцидентот. „Се тврди, на пример, дека бил употребен сарин, а еден од неговите симптоми е стеснети зеници. Меѓутоа, на снимките се гледа дека на децата зениците им се проширени“, истакна постојаниот претставник.

Исто така тој укажа на природата на кратерите на која се повикуваат претставниците на хуманитарните организации. „Трагата очигледно не е од авионска бомба или ракета, туку повеќе наведува на помисла дека била организирана експлозија на мало количество муниција на земјата со додавање на некакви хемикалии“, продолжи Шуљгин.

„Со еден збор, очигледно е инсценирањето на тој инцидент и се појавува легитимно прашање за истрага“, резимираше дипломатот.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва го смета инцидентот со наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот Хан Шејхун за провокација, насочена кон поткопување на примирјето и политичкиот процес во земјата, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња