Русија не се обидува да ги интегрира ДНР и ЛНР во својот состав

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Русија не се обидува да ги интегрира во својот состав самопрогласените Донецка и Луганска народна република.

„Самото прашање е апсурдно. Веќе со години и претседателот и руските претставници на најразлични нивоа зборуваат дека Москва не се обидува да ги интегрира во Русија непризнаените републики на Донбас ДНР и ЛНР“, изјави Песков, коментирајќи ги соопштенијата за наводно постоечки план за интеграција на Донбас во составот на Русија.

Според портпаролот на Кремљ, „планот е еден – да се постигне реализација на „Минската спогодба“.

Песков исто така додаде дека прашањето на ДНР и ЛНР претставува внатрешен политички проблем на Украина, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња