Порошенко: Русија е подготвена да ги признае ДНР и ЛНР

Претседателот на Украина Петро Порошенко изрази загриженост дека Русија е подготвена официјално да ги признае самопрогласените Луганска и Донецка народна република.

Ова украинскиот лидер го изјави на средбата со премиерот на Данска, соопштува прес-службата на претседателот Порошенко.

„Русија прави понатамошни чекори за да ги прекине врските на Донбас со Украина и да ја поткопа „Минската спогодба“ преку признавањето на лажни документи на лажни држави, ја граба украинската сопственост на окупираната територија, воспоставува зона за плаќање во рубљи“, изјави Порошенко.

Претседателот на Врховниот Совет на партијата „Единствена Русија“ Борис Гризлов изјави на 23 март дека прашањето за признавање на ЛНР и ДНР не е агендата во блиска иднина. Сепак, НАТО-алијансата изрази загриженост во врска со прекршувањата на режимот на прекин на огнот во зоната на конфликтот во Донбас, како и поради признавањето на Русија на документите на самопрогласените ДНР и ЛНР.

Претходно Владимир Путин го потпиша указот за признавање на пасошите на самопрогласените републики, сепак, руските власти немаат за жителите на ЛНР и ДНР поедноставена постапка за престој на територијата на земјата. Како што потврдија за РБК во Думата и Министерството за внатрешни работи на Русија, луѓето со такви пасоши се изедначени со граѓаните на Украина и на секои 90 дена се должни да ја напуштат Русија.

На крајот на февруари вадата на самопрогласената ЛНР објави резолуција со која рубљата се утврдува како основна парична единица на територијата на републиката.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња