Порошенко: Во Донбас се води вистинска војна

Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за телевизијата „Скај Њуз“ изјави дека во Донбас се води вистинска војна, соопшти прес-службата на шефот на украинската држава во четвртокот.

„Некој се обидува да го нарече тоа замрзнат конфликт. Ќе истакнам дека не е замрзнат. Тоа е жешка руска агресија против мојата земја“, изјави Порошенко.

Тој соопшти дека од почетокот на 2017 година Украина загубила во Донбас 69 војници, а повеќе од 420 се ранети. „Зар е тоа замрзнат конфликт? Тоа е вистинска жешка војна. Тоа е реална агресија“, изјави украинскиот претседател.

Притоа тој потенцираше дека санкцискиот притисок врз РФ треба да биде продолжен. „Санкциите се механизам за да го држат Путин на преговарачката маса. Путин ќе плати висока цена благодарение на санкциите“, истакна украинскиот лидер, заблагодарувајќи им се за поддршката на САД, ЕУ, Велика Британија, Јапонија, Канада и Австралија.

Покрај тоа, Порошенко ја обвини РФ за водење „хибридна војна“ против други земји со сајбер-напади, финансирање на популисти и антивладини движења за дестабилизација на ситуацијата, пренесува „Интерфакс“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.